PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Руичи Сакамото горд на наградата од Скопје Синема Сити

popup by popup
октомври 4, 2018
in Музика
0
399
СПОДЕЛУВАЊА
2.3k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Сите љубители на филмот имаат причина плус да му се израдуваат на октомври!

Во Кинотека на Македонија, на 5 и 6 овој месец, започнува четвртото по ред есенско издание на Скопје Синема Сити. На него ќе бидат прикажани 4 филмови: „ЕКВ – Како да беше некогаш“, „Звуци и тишина: Патешествијата со Манфред Ајхер“, „Приказната за Ланг Ланг: Постигни или умри“ и „Стив Рајш: Соочување со фазата“.

Бидејќи Скопје Синема Сити се приклучи на манифестацијата „Бела ноќ“ иницирана од МКЦ, проекциите на филмовите за Ланг Ланг и Стив Рајш ќе бидат со слободен влез.

Изданието на Фестивалот ќе го збогатат гости, кои со своето присуство ќе дадат свој личен печат, ќе се сретнат со посетителите и ќе разменат искуства на тема филм и книга. Еден од нив ќе  биде режисерот и сценарист на филмот за ЕКВ, Душан Весиќ , кој воедно ќе има и промоција на својата книга за Маргита Стефановиќ  со наслов „Маги: Како таа да беше некогаш“. Исто така, Фетсивалот ќе ја има за свој гостин и Сандра Ранчиќ, која е косценарист на филмот, и уметнички директор на филмскиот фестивал за музички документарни филмови од Белград наречен „ДокендРитам“.

Оваа година, Скопје Синема Сити организираше 4 филмски настани, на кои вкупно беа прикажани 26 музички документарни филмови и една изложба на џез-фотографии. На Фестивалот годинава во фокусот беше врвниот уметник, јапонскиот филмски композитор Руичи Сакамото, со чиј филм „Кода“ на Стивен Номура Шибле беше отворено летното издание.

На големо задоволство на фановите, во пресрет на четвртиот филмски настан којшто Скопје Синема Сити го организира годинава, Руичи Сакамото го изрази своето задоволство за наградата со тоа што се фотографираше со неа. На тој начин покажа дека е горд на признанието, оддавајќи му дополнително значење.

Previous Post

Топ 10 преработки на песни користени за саундтрак

Next Post

„Skopje Light Art District“ ќе ја осветли Старата чаршија

Next Post

„Skopje Light Art District“ ќе ја осветли Старата чаршија

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum