PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Рап верзија на Хипократовата заклетва за подобро здравство за Ромите

popup by popup
септември 4, 2018
in Музика
0
399
СПОДЕЛУВАЊА
2.3k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Станува збор за видео изработено по иницијатива на „ХЕРА – Нови приказни од амбулантата“, со цел да се прошири пораката за итна потреба од промена на наративот за Ромите во здравствените установи. За да биде пораката соодветно искомуницирана, се погрижија Real Stories Lab., нова видеопродукциска куќа лоцирана во Скопје, или поточно женски видеоколектив од Македонија, Босна и Херцеговина и од Србија, специјализиран за изработка на онлајн промотивни видеа.

https://popup.mk/wp-content/uploads/2018/09/Final-Hipokratova-1.mp4

 

Тргнувајќи од основното верување во моќта на информираното раскажување да прикаже искрени приказни што инспирираат акција, за целите на видеото RSL и ХЕРА неколку недели беа дел од ромската заедница во Шуто Оризари, Скопје. Таму се обидоа непосредно да ги осознаат искуствата на Ромите во здравството и да го прикажат човечкиот аспект од пораката на инспиративен начин.

Процесот резултираше со креативен концепт за видеото и покана до Ал Алион (Sutka Roma Rap) да ја позајми својата искрена страст кон музиката како автентична приказна кон остварување на ангажираните цели на видеото. Алион, во свој стил,  ја израпува Хипократовата заклетва за да ги потсети лекарите на почетоците на нивната приказна, односно нивната страст кон медицината рефлектирана во самата таа заклетва. Врз оригиналната музика на „MLIM“, RSL го изработија видеото во блиска соработка со Ал Алион, во студиото на Серџо во Шуто Оризари.

Визуелната приказна опфаќа и аспект од приказните на Асиб, Салија, Ќезибан, Санела… и завршува со кадар од Медина, девојче што милува да си игра со својот мачор Марко.

ХЕРА и RSL изразуваат надеж дека колективна одговорност за ослободување од негативната перцепција за Ромите од страна на медицинските лица и службениците во здравствените установи во Македонија, ќе ѝ овозможи на Медина здрав живот, во кој здравство без дискриминација е правило наместо исклучок.

Previous Post

„Здраво млади“ 8 – празник на новата музика (галерија + видео)

Next Post

Портрет на Британија: Лицето на една нација што се менува

Next Post

Портрет на Британија: Лицето на една нација што се менува

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum