Zaltan ја става целата своја енергија во неговите миксови и во водењето на неговата дискографска куќа Antinote. Додека скитал низ продавници и маркети за плочи, во потрага по француски раритети, Quentin Vandewalle собрал илјадници dancefloor песни од сите епохи, од целиот свет.
Заедно со Raphael Top Secret, тој е дел од тимот попознат како Zaltan & Top Secret, култното париско дуо кое со години наназад прави врвни забави во француската престолнина. Залтан е присутен на сцената повеќе од една деценија правејќи изненадувачки и разновидни миксови. Ако се појавиш на забава каде што е тој, можеш да се најдеш себеси како паѓаш во вртлог од карипски хитови, француски прото-хаус песни, темни електро фантазии и којзнае што уште не од селекцијата негови плочи. PopUp Music го носи парижанецот Zaltan во Радио Бар, на 30 ноември. Журката почнува во 17 часот, ne manquez pas! 😊

