Ова лето PopUp Music ја носи зелената журка во четири градови низ Македонија.
Следните две недели, Скопје, Битола, Струмица и Куманово ќе ја имаат шансата лудо да се забавуваат со мегапопуларниот Gramophonedzie aka Marko Milićević. Од 2015 година, овој диџеј стои зад дискографска куќа Gramo Recordings, а неговата продукциска кариера започнува пред десетина години кога Марко добива шанса да учествува на Red Bull Academy во Ирска како еден од најголемите музички таленти во регионот. Хаус траката ʻWhy Donʼt Youʼ од 2009 година од локални настапи буквално го катапултираше помеѓу едно од најбараните имиња на светските фестивали. Оваа комбинација меѓу класичен органски џез и модерни електронски клупски звуци го привлече вниманието и на андерграундот и на комерцијалните популарни артисти, па токму затоа беше број 1 денс хит во светот. Со подоцнежните траки ‘Brazilian’ и ‘Number One’ кои се во сосема поразличен стил, Gramophonedzie ја докажа својата способност да се менува како артист.
Со светски познатиот Gramophonedzie, Скопје ќе се забавува во Радио Бар на 6 јули, во Битола во Hush на 7 јули, во Струмица во Maf Maf на 13 јули и во Куманово во Space на 14 јули.
Журката се шири
You shouldn’t miss this for the world!

