PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Политиката не може да ја излаже уметноста

popup by popup
октомври 17, 2018
in Уметност
0
399
СПОДЕЛУВАЊА
2.3k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Со серијата фотографии „Нема што да се види“ (Nothing to see), Тим Тадер започнува храбар разговор за моменталната политичка клима во САД, која впрочем се рефлектира врз целиот свет, ако ја имаме предвид глобалната улога што си ја има доделено оваа велесила. Преку состојбата на алопеција, тој сака да фрли светло врз човечката форма во нејзината основна и чиста состојба.

Пигментот што го додава на секоја слика ги претставува различните битки што мораме да ги водиме како човечки суштества. Секоја слика е интерпретација на различните фрустрации и надежи што ги гледа тој во светот. За оваа серија, Тим соработувал со мошне талентиран тим од професионалци, меѓу кои бил и Мајк Кампау чии ќерки имаат алопеција, па така серијата добила уште подлабоко емоционално значење. Имено, Мајк го замолил да направат проект со кој ќе ја подигнат свесноста за алопецијата што довело до тоа Тим да се поврзе со Џеана Тарнер, модел што страда од алопеција, и заедно да ја направат оваа интригантна серија фотографии.

Прашан за инспирацијата што го придвижила овој проект, Тадер вели дека сакал само да се изрази себеси среде сето тоа лудило што се случува во САД. „Се чувствувам како да живееме во ТВ-драма. Надреално е. Сакав да создадам нешто што ќе ги поттикне луѓето да размислуваат. Ме загрижува тоа што некои луѓе престанаа да обрнуваат внимание, па сакам да останат вклучени во политичкиот процес.“ Во „Нема што да се види“, човечката форма без коса го претставува општеството кое е сосема соголено. Ние сите во суштина сме форми, а моделот е искористен да го претстави тоа мноштво од форми во својата најчиста состојба.

Пигментот, пак, ги претставува вистините. Тим вели: „Живееме во нов, луд свет, во кој се чини дека вистината повеќе не е важна. Имаме медиуми што сметаат дека е сосема во ред политичарите да лажат, па и самите тие ја шират лагата. Пигментот ги претставува зрнцата вистина кои отпаѓаат едно по едно. Боите се намерно одбрани и го означуваат синото и црвеното на политичката мапа. Уметноста може да биде претенциозна со нејзините претерано комплексни метафори, па во овие времиња кога има премногу бучава и нејаснотии, треба да се биде едноставен, јасен и да се зборува најгласно што може. Мојата омилена боја е пурпурната бидејќи ја претставува идејата дека можеме да се сретнеме на половина пат, на средината. И двете страни понесуваат одговорност и имаат вина, па затоа треба да се најдеме на средината за да се вратиме назад на правилниот пат.“

Моделите обоени со црна и бела боја, пак, ја претставуваат поделбата и бинарната природа на нашето општество.

„Сe чини дека сè зазема одредена страна, па сакав да покажам дека има различни тонови, и оти не е сè црно и бело. Се надевам дека луѓето ќе подзастанат и ќе се поврзат со сликите и сето она што го претставуваат тие, дека ќе останат ангажирани во нашиот политички процес. Ако успеам да натерам 100 луѓе да размислуваат за сликите и да дискутираат за нив со други луѓе, тоа ќе значи дека сум постигнал нешто. Којзнае, можеби тие ќе инспирираат некого да создаде нешто друго и со тоа ќе го одржат тој разговор во живот, можеби да ја споделат својата приказна, да волонтираат или да гласаат. Не е важно како, сè додека се добива некој вид одговор во општеството.“

Previous Post

DJ Јаzzy Jeff: Од bathroom диџеј до хипхоп-легенда

Next Post

Скопје ќе шизи во МКЦ

Next Post

Скопје ќе шизи во МКЦ

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum