PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Поглед во работата на архитектот: „Бескрајна соба“ (галерија)

popup by popup
јуни 14, 2018
in Universes
0
401
СПОДЕЛУВАЊА
2.4k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Синоќа, во МКЦ беше отворена изложбата на архитектонски проекти „Бесконечна соба“. Целта на оваа изложба е да го изнесе на виделина процесот на проектирање и самиот проект кој најчесто останува скриен во некои темни простории во кои долго се работи, испечатен во папки, испратен како електронска порака или зачуван на надворешен хард диск. Проектите претставуваат трудови пријавени на меѓународни конкурси во Скопје, Варна и Загреб, а работени се од тимови составени од страна на осум млади автори: Бранислава Ѓорѓевиќ, Елена Пазарџиевска, Нина Карангелеска, Марија Димитриевска, Силвија Шалева, Стефан Тодоровски, Биљана Смилеска и Никола Кунгуловски, во периодот од 2013 – 2018 година.

[URIS id=1560]

Иницијативата за поставување на една ваква современа поставка претставува своевидна провокација за актуелизирање на прашањата за улогата на архитектот во општеството, за важноста и придобивките од јавните архитектонски конкурси и воопшто од дискусиите и дебатите поврзани со архитектурата. Претставените проекти нудат одговори на одредени прашања и претставуваат резултат на склоп од донесени одлуки за прилагодување кон одредени просторни конфигурации. Според авторите, сознанието дека не постои еден универзален одговор на зададен проблем претставува истовремено и критика кон актуелните урбанистичко-архитектонски практики во кои отсуствува идејата за целовитост и обмисленост на просторното делување. Поставката ќе биде отворена до 21 јуни.

Tags: архитектура
Previous Post

Skopje Pride Weekend: Пред да излезам (ме сакаш)

Next Post

Тom Trago во Епицентар: Use us again! (галерија)

Next Post

Тom Trago во Епицентар: Use us again! (галерија)

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum