PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Пеце Здравковски: Филмот е снимен пред да се снима

popup by popup
август 9, 2018
in Филм, Интервјуа
0
400
СПОДЕЛУВАЊА
2.4k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Непосреден повод за разговор со режисерот Пеце Здравковски е неговиот краток филм „Dogs of War“ со кој конкурираше на интернационалниот филмски натпревар „My RØDE Reel“ во организација на познатиот бренд RØDE. Во трите филмски минути,„Dogs of War“ на неверојатно брз и вешт начин нè исправа пред вечната психолошка дилема помеѓу моралот и расипаноста, лојалноста и предавството. Автор, режисер и продуцент на филмот е Пеце Здравковски, заедно со Бојан Соклевски, а директор на фотографија е Ѓорги Вацев.  За потсетување, со филмот „Farewell“, Пеце Здравковски ја освои наградата „People’s Choice“ на Film Convert Competition и Гран При на минатогодишниот државен натпревар на непрофесионален филм во Охрид. За „Dogs of War“ можете да гласате на овој линк.


Веднаш е воочливо дека во „Dogs of War“ го ангажирате вниманието на гледачот со дилемата на главниот протагонист уште во првата минута. Дали брзото развивање моќна приказна е главен предизвик при структурирањето еден краток филм?

Сметам дека е важно, поради што гледачот може веднаш да одлучи дали е филм што би го гледал. Идејата за брзо отворање на филмот, ни беше инспирирана од начинот на работа на Кристофер Нолан, во чиишто филмови јасно се гледа дека долгите влезови се избегнати, со цел да се премине на главната поента од филмот.

Со краткиот филм „Farewell“ ја освоивте наградата Best People’s Choise на натпреварот FilmConvert во 2016 година. Кои се лекциите што ги научивте при снимањето на овој филм, а кои ви беа од полза во работењето на „Dogs of War“?

Главна работа што ја научивме од „Farewell“ e дека филмот е снимен пред да се снима. Колку повеќе се инвестира пред снимањето, толку полесно е да се изведе на терен. Иако не ја научивме оваа лекција во целост тогаш, овој краток филм беше одлична можност да ја повториме истата. Се надевам наредниот пат ќе бидеме комплетно подготвени.

Познатата режисерка Џејн Кампион го споредува краткиот филм со портрет или поема. Дали краткиот филм го гледате како терен на кој би можеле да ја фокусирате својата идна филмска работа или само како интро во водите на долгометражниот филм?

Иако можеби има некаква поврзаност со портрет или поема, мислам дека филмот е поинаков медиум. Не би споредувал кратки со долги филмови, бидејќи ни целта ни предизвикот не се исти. Инаку да, би инвестирал повеќе во краток филм или во серијал кратки филмови.

Што значат интернет-револуцијата и експанзијата на дигиталните платформи од типот на Vimeo и YouTube за развојот на краткиот филм денес? Зошто се важни фестивалските претставувања на филмот?

Иако во моментов е неодлучно, мислам дека за брзо време медиумите како Youtube/Vimeo ќе го сменат начинот на перцепција што го имаме кон филмот како медиум и дека кратките филмови и серијали ќе станат новото популарно нешто. Фестивалските претставувања се особено важни за осознавање на работата на досега непознати филмски работници од страна на популарните сервиси и медиумски куќи што во иднина би им овозможиле начин да ги пренесат своите идеи на поголема маса луѓе.

Кои, според вас, се трите најдобри кратки филмови досега?

Засега, овие три кратки филма ми оставиле најголем впечаток:

  1. The Gunfighter – Eric Kissack
  1. A Minute of Silence – Guillaume Renusson
  1. Uncanny Valley – Federico Heller

https://www.youtube.com/watch?v=gR3lXEH80Nw

Previous Post

Правда за градите

Next Post

Диџеи на плажа

Next Post

Диџеи на плажа

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum