PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Оживеани сликите на Караваџо

popup by popup
ноември 7, 2018
in Уметност
0
402
СПОДЕЛУВАЊА
2.4k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Актери од италијанската театарска куќа „Лудовика Рамбели театро“, со своите тела ги репродуцираа платната на легендарниот италијански сликар Микеланџело Меризи да Караваџо, поточно кажано, одново го создадоа начинот на кој Караваџо ги креирал сцените за да слика со помош на живи модели.

Живата репрезентација на делата е наречена „La Conversione di un Cavallo“ и им дава живот на вкупно 23 слики од Караваџо само со употреба на обични предмети и текстилни материјали. Една од ритмичките теми во заднина е „Lux aeterna“, последниот дел од Моцартовиот „Реквием“, а била користена и музика од Бах, Вивалди и од Сибелиус. Перформансот се изведува без ниту еден момент пауза, со неверојатна едноставност и голем емоционален набој, користејќи ја техниката на живи слики или tableaux vivants.

За овој проект, режисерката Дора де Мајо вели: „Најубавото и највозбудливо нешто во сето ова е можноста да ја видиш хармонијата меѓу актерите. Тоа се постигнува со многу вежбање, многу слушање и понизност. Целта на овој уметнички проект не е да се направи слепа репродукција на сликата, туку да се врати моментот што ѝ претходел на нејзиното создавање“.

 

Жанрот tableaux vivants (живи слики) бил особено популарен меѓу 1830 и 1920 година. За време на еден таков перформанс, одбрани ликови претставувале сцени од литературата, уметноста, историјата и од секојдневниот живот. Откако ќе се кренела завесата, моделите замолчувале и стоеле во место во времетраење од триесетина секунди.

Притоа, особено се внимавало на изгледот на сцената, позите, костимите, шминката, на осветлувањето и на фацијалната експресија на моделите. Понекогаш перформансите биле придружени со поеми или со музика, а неретко се поставувала и дрвена рамка пред изведувачите за да се долови впечатокот за рамката на насликаното платно што се претставува.

Previous Post

„Готлиб“ – прв македонски анимиран филм со три техники на анимација

Next Post

Гоце Стевковски: Си дадовме слобода за поинаков пристап со Homage to a Dreamer

Next Post

Гоце Стевковски: Си дадовме слобода за поинаков пристап со Homage to a Dreamer

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum