Во саботата, традиционалната Бела ноќ во Скопје беше музички поткрепена со осмото издание на ПМГ Рекордингс Фестивал – Сонична Младост. Поддржан од „Златен Даб“, овој значаен настан на културниот календар на градот и оваа година се истакна со запазен тајминг, одлична организација и лајн-ап со квалитетни артисти. На фестивалот настапија Диџеј Лале, Мирко Попов, Нино Наумов, Душко Јаневски, Galatheia, Виолета Качакова, Роботек, Boxitron, ПМГ Колектив, Сетстат, Дупер, Свемирко и Local Blue, како и познатиот британски диџеј Terry Francis. Масовната посетеност на ПМГ Рекордингс Фестивал покажува дека и покрај сè, Скопје успеало да создаде нови, напредни урбани генерации што го почитуваат квалитетниот звук и ги поддржуваат тековите на новата музика.




































