PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Никола Узуновски: Milan Design Week

popup by popup
мај 3, 2018
in Universes
0
401
СПОДЕЛУВАЊА
2.4k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Април, месецот на пролетта и сонцето. Сите се излезени по паркови или рашетани по излети во природа. Но, април за милион љубители на дизајнот од целиот свет е и месецот на Salone Del Mobile – неделата на дизајн во Милано. Ова е најголемиот настан посветен на дизајнот во светот. Над 1500 изложби раштркани по градот и над 2000 штандови на официјалниот саем Ро. Толку е голем што Милано изгледа како еден друг град да му слетал одозгора и така двата града се споиле во еден. Стотици згради, плоштади и локали го менуваат ликот, улиците се преполни со луѓе како да има некакви протести, и половина град станува пешачка зона. Огромен број луѓе, со часови чекаат во редици за да видат изложба на дизајн на млади дизајнери кои штотуку завршиле школо. Разурнати фабрики се окупираат, па дури и тие без покрив, и се претвораат во шик-изложби, а напуштените обраснати дворови се претвораат во lounge барови. Скоро секое ќоше се разубавува. Има толку да се види што во текот на една недела (колку што траат настаните) не можете да ги посетите сите, па затоа мора однапред да си направите истражување и да изберете каде ќе одите.

Саемот има традиција подолга од 50 години. На почетокот се одржувал во центарот на градот, а во последните 10 години е преместен во новиот саемски комплекс дизајниран од архитектот Масимилиано Фуксас во областа Ро и секогаш се одржува во втората недела од април. Во последните години на овој настан учествуваат над 2000 претставници. Саемот наизменично се поставува тематски, па така една година се специјализира за кујни и бањи (EuroCucina), додека пак други години се изложуваат канцелариски мебел и осветлување (EuroLuce). Оваа година саемот го посетија над 300 000 посетители кои можеа да видат дела од светски познати до мали локални брендови. На саемот има посебен дел посветен на младите дизајнери, SaloneSatellite, каде 100 селектирани дизајнери добиваат штандови како награда. Темата во овој дел беше фокусирана на Африка и Јужна Америка.

Оваа година на главниот саем, Salone Del Mobile, можеше да се забележи големо присуство на дизајнери кои се инспирирани од модернистичкиот дизајн на 50-те години на минатиот век. Дури и еден од најпознатите брендови во историјата на дизајнот, австрискиот Tonet, имаше претставено редизајн на некои од нивните најпознати парчиња мебел. Нивниот стар класичен стил беше надополнет со модерни детали.

gebruederthonetvienna.com

Како најпосетен, можеме да го издвоиме штандот на Kаrtell кој ги претстави своите нови колекции дизајнирани од тројца од најреномираните дизајнери на мебел во денешно време: Филип Старк, Токуџин Јошиока и Пијеро Лисони. Колекции дизајнирани од Филип Старк беа „Cat Walk“, „Venice“, „Wood“ и „Kara“. Tокуџин Јошиока се претстави со колекцијата „Matrix“, а Пијеро Лисони со „Betty Boop“ и „IТable“.

covetedition.com

designboom.com

Од одделот за кујни, како најинтересна иновација беше штандот на Grundig кој го претстави концептот на индукциска маса што безжично ги активира кујнските апарати и садовите за готвење, а целиот интерфејс е проектиран од аспираторот.

Фото: Никола Узуновски

Фото: Никола Узуновски

Во SaloneSatellite можеше да се забележат многу иновативни дизајни, но како најинтересни беа штандовите на школо за дизајн од Базел, Швајцарија, кои се претставија со проектот „Poetry of light“, осветлувачки елементи со минималистички, но мобилни елементи, и проектот „Two person chair“ на Фан Чаошенг од Шангај, хибриден дизајн на мебел за подобрување на комуникацијата помеѓу луѓето.

 

core77.com

На Fuorisalone, придружниот саем распослан низ целиот град, најистакнати беа изложбите на големите брендови: јапонскиот Nendo и холандскиот Moooi. Nendo се претстави со повеќе колекции од кои би ги издвоил мебелот со полутранспарентна еластична фолија и четирислојниот 3Д принтан патерн. Додека пак Moooi се претстави со многубројни дизајни во нивен стил, хибридно спојување на традиционалното и модерното.

dezeen.com

Фото: Никола Узуновски

mindfood.com

 

living.corriere.it

Од младите дизајнери може да го спомнеме проектот „The pipeline project“ на Кристоф Маше кој дизајнираше столица од PVC канализациска цевка и направи специјална CNC машина која ги сече елементите од цевката за столот. Исто така може да го спомнеме и проектот „Siesta“ на младата шпанска дизајнерка Паола Чакартегуи која дизајнираше кујнски садови од дувано стакло во форма на перница со отпечаток од некој кој спиел на неа.

paulachacartegui.com

На Салоне можете да најдете од игла до локомотива, односно од иновативен накит до концепт транспортни возила и монтажни куќи. Секој ќе најде нешто што ќе го воодушеви или ќе наиде на решение на некој технички проблем кое долго го барал.

Затоа го препорачувам Саемот за сите професионалци и љубители на дизајнот бидејќи овде за една недела добивате целосен осврт на најдоброто што се случило во светот и можете да знаете каде е вашето место во светски рамки.

Само ќе мора да се подготвите и психички и физички за седумдневен маратон со пешачење од дванаесет часови и огромен прилив на информации.

azuremagazine.com


Никола Узуновски

Tags: дизајн
Previous Post

Што ќе пиеме: Коктели

Next Post

Акуа Нару во Скопје: Ако љубовта имаше звук (галерија)

Next Post

Акуа Нару во Скопје: Ако љубовта имаше звук (галерија)

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum