Енергична! Тоа е зборот со кој можеме да се послужиме за да ја опишеме атмосферата од настанот „МКЦ Шизи“. Од тимот на Dj Jazzy Jeff веќе пристигнуваат одлични реакции кои зборуваат во прилог на тоа дека неговиот настап во Скопје беше неповторливо доживување. Па така, Jeffrey Towns на својот Фејсбук-профил пишува:
„Настапот во Скопје беше еден од најдобрите на турнејата. За првпат сум тука. Храната беше неверојатна, а љубовта што ја добивме беше уште поневеројатна.“
Тоа е впечатокот од тимот на славниот диџеј, а реакцијата на публиката можете да ја погледнете на фотографиите. Тие ќе ви објаснат сè.
Фотографии: Tone Bandits









































