PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

„МакеДокс“ – девет години креација

popup by popup
август 14, 2018
in Настани
0
399
СПОДЕЛУВАЊА
2.3k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Најновото издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“, оваа година го фиксира својот доку-светоглед на магичната цифра 9, и тоа не е само празна нумерологија. Бројот на Питагорејците и на Брама се поврзува со деветте години неуморна креативност, иновативност, интелектуални предизвици и уривање на бариерите што ги наметнува локалната ментална матрица. Под небото на магичниот Куршумли ан и во МСУ, од 16 до 23 август ќе ја имаме можноста да им се насладуваме на одличните филмови, работилници, фотографии, музика, да се поврзуваме меѓусебно и да ги раскопчаме видиците за да ги збогатиме со нови искуства, естетски доживувања и културни вибрации.

Отворање со концерт на Јimmy Barka Experience

По одржаниот „Полски викенд“ во МСУ на 11 август, на кој беа прикажани десет краткометражни документарни филмови наградени на Филмскиот фестивал во Краков, за четврток PopUp Music и МакеДокс го најавуваат концертот на словенечкиот бенд Jimmy Barka Experience, кој претставува музичка соработка помеѓу двајцата приврзаници на фанк и соул звукот – диџеите Бакто и Борка, и познатиот словенечки перкусионист Марјан Станиќ (исто така член на Чомпе, Баст, Васко Атанасовски трио, Лолита). Иако имаат мошне различни музички заднини (Станиќ е повеќе поврзан со етно и со џез), Jimmy Barka Experience пронашле начин како ефективно да ги комбинираат тапаните со електронските семплови и ремикси.

https://popup.mk/wp-content/uploads/2018/08/jimmy-barka.mp4

 

Нивната музика е одлична мешавина од фанк, брејкбит, балкански ритми, рок и афро звуци, придружени со моќни изведби во живо, кои се суперматеријал за танцување. Името на бендот произлегува од Џими Барка (улога на Драган Николиќ), лик од легендарниот југословенски филм „Кад будем мртав и бео“. За првпат се појавиле на фанк-настанот „Зелено сонце“ во 2010 година, а потоа настапувале и како предгрупа на Урсула Рукер, Граматик, Паров Стелар, имале свои настапи и на фестивалите Druga Godba, Etnika International World Music Festival, Мent Ljubljana, Pohoda festival, како и во многубројни словенечки и странски клубови.

Програмата и наградите

„МакеДокс 9“ ќе донесе пресек на најновото и најкреативното во документарната кинематографија сместено во повеќе програмски сегменти, како Главна програма, Нови автори, Кратки документарци, Студентска програма и две програми за деца и млади.

На „МакеДокс 9“ ќе бидат прикажани 70-тина филмови, ќе бидат присутни исто толку гости, а филмовите ќе се натпреваруваат за наградите „Кромид“ за најдобар филм во Главната програма, „Млад кромид“ за најдобар филм на нов автор, „Кокарче“ за најдобар студентски филм, „Сечкан кромид“ за најдобар краток филм, а сите влегуваат во конкуренција за Наградата за филм со најдобри етички идеи.

PopUp со нетрпение ги очекува и ги препорачува проекциите на: „Пофалба на ништото“ на Борис Митиќ и „Грејс Џоунс: Лајт шоу и леб“ на Софи Фајнс (сестрата на Ралф, Марта, Магнус и Џозеф) 🙂

Филмски работилници со Хонкасало и Старон во МСУ

Мотото на деветтото издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ е „Реалноста режира, ние правиме филмови“, со што тематскиот фокус на фестивалот е ставен на режијата во документарниот филм. Во тој правец на „МакеДокс 9“ ќе бидат одржани две филмски работилници во Музејот на современата уметност во Скопје. Работилниците се бесплатни и отворени за филмаџии во ограничен број. Во светот на режирањето, ќе нè воведе Пирјо Хонкасало од Финска. Работилницата е организирана со поддршка од Media Creative Desk Macedonia и ќе трае три дена (17-19 август), секој ден од 10 до 13:30 часот. „Хонкасало е призната и многупати наградувана режисерка и сценаристка на документарни филмови и е првата финска филмаџика што снимила игран филм. Таа е членка на Американската филмска академија, со повеќе од 30 ретроспективи низ целиот свет“, велат од „МакеДокс“.

На втората работилница „Режирање реалност“ на Војцех Старон од Полска, која ќе трае од 20 до 22 август, учесниците ќе (на)учат како да разговараат со публиката користејќи подвижни слики и едноставност. Старон е полски снимател и режисер на документарни филмови, кој студирал на престижната филмска школа во Лоѓ. Неговиот „Аргентинска лекција“ е меѓу најнаградуваните документарци во поново време. На Берлиналето во 2012 година ја доби „Сребрената мечка“ за најголеми остварувања во кинематографијата, а на „Браќа Манаки“ во 2013 година се закити со „Бронзената камера“ за филмот „Кукла“.

Фотографска работилница со Алушевски и Узелац

На „МакеДокс 9“ ќе се реализира и фотографска работилница за таканаречениот „мокар колодиумски процес“, постапка што во фотографските кругови е позната како „мокра плоча“, која се навраќа на старите фототехнологии. „Мократа плоча“ е фотографски процес од 19 век. „Работилницата ќе трае 4 дена, од 18 до 21 август, и ќе се одржува во Куршумли ан. Предавачи на работилницата се Сашо Н. Алушевски, фотограф, и Предраг Узелац, самостоен фотографски соработник и асистент на Академијата за уметности во Нови Сад, Србија. За време на фестивалот и посетителите ќе можат да се фотографираат на ‘мокра плоча’“, соопштуваат од „МакеДокс“.

Се гледаме под ѕвездите во Куршумли ан, од 16 до 23 август.

Previous Post

Како се журкавме на Оревче (галерија)

Next Post

Зошто си ги криете годините?

Next Post

Зошто си ги криете годините?

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum