PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Long Bus: Време е за промени

popup by popup
јуни 4, 2018
in Интервјуа
0
400
СПОДЕЛУВАЊА
2.4k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

„Breakfast Club“ во урбаното јадро на Скопје е базата на колективот „Long Bus“, составен од Иван, Еми и Оливер, кои го ставаат потписот зад бебе-проектот на забавите што тие ги дефинираат како нов здив и свеж пристап во начинот на консумација на ноќниот живот и на музиката. Овде го пијат првото кафе, јадат сендвич, па ги договараат активностите за денот што следува, додека местото, штом ќе падне мрак, полека се претвора во „Short Bus“ за да ги прими луѓето жедни за забава, квалитетна музика и размена на убава енергија.

Велат дека го започнале проектот затоа што почувствувале дека има некоја празнина во скопскиот ноќен живот, дека недостига некоја алка во социјалниот круг на специфична категорија луѓе, кои немаат каде да одат за да си поминат убаво. Токму тоа ги поттикнало како колектив да го основаат „Long Bus“ како продолжение на забавите што луѓето ги сакаат и енергијата што сакаат да ја разменат, во една сосема некомерцијална средина, со пристапни цени и ставање акцент на идеологијата и духот на дружењето и добрата забава.

Иван, Еми и Оливер едногласно велат дека кругот на овие луѓе е мал, но најважно е тоа што тој круг е отворен да прими нови и свежи лица што ќе бидат привлечени од ваквиот концепт на забави. Еми е задолжена за музичката селекција како своевиден креативен директор на колективот и за почеток таа го избрала младиот диџеј Bojan Soulcase.

Еми вели дека целта им е да пронајдат млади диџеи што не се експонирани, да им дадат шанса да растат, да стекнат искуство и полека да привлечат нови луѓе што ќе ја надградуваат нашата клупска сцена. „Breakfast Club“, „Short Bus“ и „Long Bus“ заеднички се стремат да станат јадро на новите генерации што слушаат квалитетна музика. А кога сме кај различните генерации, интересно е тоа што на ваквиот свеж концепт на забави тие гледаат како на фина генерациска спојка што прави балансиран културен пренос. Тие и самите се интергенерациски спој, a и социјалниот круг што го градат околу забавите и музиката не ѝ припаѓа само на една генерација. Целата поента на забавите е преку тој интергенерациски спој сите да си дадат понешто едни на други, да извршат културна размена, да не му се остави простор на ејџизмот и да ги разбијат табуата и предрасудите.

„Long Bus“ велат дека полициските посети не им го кршат духот, тие не го прават ова за да ги кршат нормите, туку да ги доразвиваат свеста, културата, потребата за заедништво и меѓусебно разбирање преку музиката и дружењето. Велат дека првата забава била магична и долго по неа не можеле да ги средат впечатоците. Преку дневните забави, тие докажаа и дека добрата забава не е исклучиво резервирана за ноќните часови, велејќи дека сега се сигурни оти можеш добро да се изжуркаш и да си легнеш пред полноќ.  Забавите се музички шаренолики, но преовладуваат електро, хаус, фанки хаус, теч хаус звуците. Дел од забавите на „Long Bus“ се случуваат во дворот на галеријата „Акантус“. За тоа му се многу благодарни на Бојан Георгиевски за неговиот широк светоглед и за разбирањето што го покажал отстапувајќи им го просторот.

Како заклучок, „Long Bus“ велат дека ни требаат промени. Според нив, ветрот на промените засега пирка, но ќе стане уште посилен. Тие се надеваат дека ќе станат инспирација и за други луѓе, кои исто така ќе работат на менување на свеста и на враќање на културната сцена во градот и во државата.

„Ние останавме на ова парче земја, не сме меѓу оние 600 000 што со право си заминаа. Ние сакаме овде да создаваме, а тоа ќе се случи ако сите заедно работиме. Луѓето околу нас се прекрасни. Скопје го има тој дух, можеби во еден период умрел, но не го дозакопале, некоја рака останала, па сега полека излегува и се влече нанадвор. Промените се циклична работа и се надеваме дека ние сега сме на подемот, на точката од искачувањето нагоре.“

Tags: интервју
Previous Post

PopUp Music: Lehar и Мusumeci во Македонија

Next Post

Новите дизајни на #DabLimitedEdition за свет без предрасуди

Next Post

Новите дизајни на #DabLimitedEdition за свет без предрасуди

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum