PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Кристо и Жан-Клод: Простор вознемирен со уметност

popup by popup
јули 12, 2018
in Уметност
0
400
СПОДЕЛУВАЊА
2.4k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Во 1958 година, бугарскиот артист Христо Владимиров Јавaшев, попознат како Кристо, се преселил во Париз и ја запознал Жан-Клод, Французинка родена во Мароко, која студирала филозофија на Универзитетот во Тунис. Овој неверојатен пар дели ист роденден – 13 јуни 1935, а судбински биле поврзани сè до смртта на Жан-Клод во 2009 година, цело време работејќи на трансформирање на искуството на јавната уметност во нешто длабоко и моќно.

„Реалното е реално. Делото не е фотографија, филм, слика, туку нешто реално. Јас вистински уживам во реалноста. Сфаќам зошто многумина не сакаат да се најдат на неудобно место што е ветровито, топло или здодевно, бидејќи бара да вложат дополнителен напор, но ако го имате физичкото задоволство да бидете на такви места, тогаш ќе ме разберете. Тоа е тоа – нештото!“

Токму тоа „нешто“ е никулецот на една идеја што ќе биде посадена и ќе фати корен, со текот на времето развивајќи се во низа огромни инсталации што ќе го променат начинот на кој ги перципираме уметноста, архитектурата и нашето место во просторот. Меѓу воодушевувачките, понекогаш и контроверзни проекти на овој пар спаѓаат: „Завитканиот Рајхстаг“ во Берлин (1995), „Завитканиот Pont-Neuf“ во Париз (1985) и „Портите“ во њујоршкиот Централ Парк (2005) – проекти што ја слават моќта на индивидуата да ја наметне својата волја врз физичкиот свет поради чисто задоволство и естетика.

„Портите“ во њујоршкиот Централ Парк (2005)

„Многу малку размислуваме за просторот во визуелните уметности. Од моментот кога излегуваш од дома и чекориш по тротоарот за да стигнеш до улицата, сето тоа е дизајнирано од некого. Всушност, 24 часа дневно ние се наоѓаме во контролиран простор. Ние секогаш тргнуваме од претпоставката дека треба да го позајмиме просторот за да креираме нежно вознемирување на неколку денови.“

Кристо и Жан-Клод се еден вид творци на промената, трансформирајќи ги сите можности за уметност во јавниот простор. „Сите наши проекти се доста комплексни во политичка смисла и од аспект на односите помеѓу луѓето. Тие се занимаваат со реални нешта, не со слика на екран. Не знам како да вклучам компјутер и не сум заинтересиран за тоа. Воопшто не сакам ниту да зборувам на телефон“ – вели Кристо.

Неговото поле на интерес е човечкото царство кое има корени во телото и во природата на неговите чувства. „Немам лифт во мојата зграда каде што живеам веќе 50 години и секој ден пешачам. Го избирам физичкото задоволство. Тешко е, се разбира.“

„Завитканиот Рајхстаг“ во Берлин (1995)

„Започнавме да работиме на Рајхстагот во Берлин, во 1972 година. Потребни ни беа 25 години да го завршиме. Со години претходно луѓето тврдеа дека ќе изгледа ужасно. Дискутираа за нешто што не постоеше. Сето тоа создаде дијалог и дискусија, па проектот беше поврзан со неверојатна интерпретација во човечките умови уште пред да стане реалност.“

Кристо и Жан-Клод го обвиткаа и познатиот париски мост Pont Neuf, изграден во 1607 година, за кој Кристо во една пригода ќе каже: „Кога баравме дозвола од француските власти да работиме на мостот, нашиот аргумент беше тоа дека овој мост 450 години од Дагер, до Реноар и Пикасо бил субјект на уметноста, но во 1985, првпат во историјата, овој мост 14 дена ќе претставува објект на самата уметност.“

,,Завитканиот Pont-Neuf“ во Париз (1985)

Кристо и Жан-Клод никогаш не ги повторувале проектите. Никогаш повторно не направиле уште една порта и не завиткале уште една зграда на парламент. Сè што направиле, останало уникатно и неповторливо.

Ваквите уметнички потфати ги одвеле Кристо и Жан-Клод низ целиот свет. Тие постојано ги поместувале границите на просторот во кој се преклопуваат уметноста, архитектурата и животната средина.

Previous Post

Извештај од Јарун: INmusic Festival 2018

Next Post

AgainstU: Пренесуваме порака преку звукот

Next Post

AgainstU: Пренесуваме порака преку звукот

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum