PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Кристијан Фенеж: Пристапувам на свој начин

popup by popup
октомври 26, 2018
in Интервјуа
0
399
СПОДЕЛУВАЊА
2.3k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Композиторот и гитарист Кристијан Фенеж е познат по тешката категоризација на неговата музика, која ги комбинира во најмала рака неговата гитара и лаптоп. Резултат на тоа се изданија што можат да се опишат како фри минималистички амбиенти и noise експерименти помогнати со современа технологија. Сето тоа е засилено со иновативни пристапи, кои направиле Фенеж на тивок начин да одигра голема улога во обликувањето на современата звучна естетика.

На 31 октомври, заедно со визуелниот уметник Лиливан, Фенеж ќе го отвори Фестивалот за електронска музика, визуелни уметности и нови медиуми „Десонанз“, при што во салата на Македонската филхармонија  ќе го изведат мултимедијалниот проект „Mahler Remixed“. „Mahler Remixed“ е негова реинтерпретација на симфониите на композиторот Густав Малер каде што тој зема фрагменти од различни симфонии што потоа ги процесира, реаранжира, а и врз кои импровизира, со што ја користи неговата музика како платформа за нешто ново. Овој проект за првпат бил изведен во оваа форма во 2011 година, со цел да се одбележи 100-годишнината од смртта на Малер. Досега оваа музика била изведувана само 4 пати во живо – Виена (Концертхаус), Њујорк (Карнеги хол), Истанбул (Центарот за уметности – Борусан) и Рим (Сапиенца).

На претстојниот концерт во Скопје ќе изведете музика од албумот „Mahler Remixed“. Што беше тоа кај музиката на композиторот Густав Малер што ве инспирираше да ја ремиксувате и преобликувате?

Тоа, всушност, започна како проект што беше порачан во 2001 или 2002 година, за Австрискиот културен форум во Њујорк. Како Австриец, се разбира, секогаш бев свесен за музиката на Малер. Некако растете со неговата музика тука. Директорот на културниот форум повторно ме контактираше во 2010 година и ме праша да го преработам стариот проект и да создадам некаков нов аудиовизуелен проект, за еден голем фестивал со музиката на Малер во Виена. Ете како се родија и албумот „Mahler Remixed“ и шоуто со таа музика. Тоа е дело што се создава многу години.

Дали може да зборувате за креативниот процес што го информираше создавањето на „Mahler Remixed“?

Јас сум многу помалку способен композитор отколку што бил Густав Малер. Поради тоа, можам да пристапам само на својот начин и со своите средства. Се обидов да комбинирам делови од музиката на Малер со моја музика и тоа на начин на кој може да звучи како Фенеж, но изворниот материјал сè уште да може да се чуе и да се препознае.

Дали работата со нечија туѓа музика воопшто влијае врз начинот на кој вие обично компонирате?

 

Мислам дека тоа секогаш се случува. Тоа е една долга линија на учење. Секоја соработка што сум ја имал, на пример, направила да пораснам како музичар (се надевам!). Руичи Сакамото помогна да го разберам просторот во самата музика. Питер Реберг направи да разберам како да го исполнам просторот со бучава. Секогаш со задоволство слушам тоа што колегите ми го кажуваат.

Колку е лесно или тешко оваа музика да се пренесе во концертен простор?

Таа не се разликува од тоа што вообичаено го правам. Со мене се секогаш лаптопот и гитарата. Тоа што е тешко е да се најде вистинската рамнотежа односно да се искаже почит кон генијот и притоа да не се изгубам себеси.

Каква е улогата на Лилеван како визуелен уметник во презентацијата на оваа музика во живо?

Лилеван е генијален визуелен уметник. Го познавам речиси 20 години. Тој импровизира со видеосемплови на ист начин како и јас со аудиоматеријали. Сакам да работам со него и ние сме како бенд.

Вашата гитара и вашата музика се базираат на уникатна комбинација на природен и технолошки базиран израз. На кој начин ги претворате вашите идеи, експерименти и звуци во композиции?

Ова е тешко прашање. Сега кога сум малце подостарен, знам каде се моите ограничувања. Вешт сум со моите max/msp пачови (музички програмски јазик) и со своите фендер гитари на начин на кој сакам тие да звучат. Мислам дека тоа е тоа. Не можам да ги задоволам сите. На некои им се допаѓа тоа што го правам, додека на други не. Единствено сакам да бидам подобар во однос на тоа што го правам.

Оваа година го издадовте дигиталното издание „Station One“.

Тоа е мал проект, со кој сум многу среќен. Повеќе или помалку станува збор за 2 композиции што ми се допаѓаат, а кои никогаш не биле соодветно објавени.

Како гледате на изданието „Endless Summer“ од оваа гледна точка?

Многу сум среќен со него и одамна сум помирен со него. Мислам дека некои музичари се среќни за да можат да доловат нешто во период каде што сè е совршено: вистинската идеја, вистинскиот звук, вистинскиот тајминг.  Не ми беа такви намерите, туку едноставно сè се случи самото. Горд сум на ова издание, но во исто време тоа претставува голем товар на мојот грб. Луѓето постојано очекуваат уште едно „Endless Summer“ издание, кое не можам да го испорачам.

Какви идни проекти може да се очекуваат од вас?

Само што го завршив мојот нов албум „Agora“, кој ќе биде објавен наскоро. Ќе се обидам да вклучам некои од новите нумери за време на настапот со „Mahler Remixed“. Тоа значи дека ќе се отсвират премиерно за првпат во Скопје и тоа е добро. Во Скопје бев во раните 90-ти и ми се допадна многу.

Разговорот го водеше Ненад Георгиевски

Previous Post

Dancers United – шампиони на светското првенство во хип-хоп

Next Post

Диме Данов: Ефемерни моменти на убавина (галерија)

Next Post

Диме Данов: Ефемерни моменти на убавина (галерија)

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum