Блуз составот The Mole Pack со концертна промоција на нивниот прв албум „Gamblin’ Man“ на 16-ти септември (недела) во клуб Маракана.
По слушачката промоција на нивниот прв албум „Gamblin’ Man“, The Mole Pack, овој пат со целосен состав ќе настапи во клуб Маракана на 16-ти септември.
Нивната музика претставува свеж бран на ноти инспирирани од прогресивната сцена на 1960-тите години. По големата посетеност на нивната слушачка промоција и заинтересираност на слушателите, „чопорот“ објави уште една песна пред концертната промоција.
https://www.youtube.com/watch?v=tEbmFQfLP9A
Бендот ќе се качи на бина во клубот Маракана на 16-ти септември во 21:00 часот, а влезот e бесплатен.

