Уште еден совршен „Петок после работа“

posted in: taste | 0
Во петокот, „Јавна Соба“ по четврти пат беше местото каде што можеа да се пробаат највкусните бургери во градот, во комбинација со најдоброто македонско пиво Златен Даб и одличниот музички support за кој беше задолжен Dj Vaso. Не беше тешко да претпоставиме дека кога ќе стигнеме таму, масите на терасата ќе бидат веќе резервирани бидејќи настанот „Петок после работа“ полека се претвора во убава афтерворк традиција.

Затоа однапред си резервиравме позиција за да можеме на раат да уживаме во Дабот, вкусните класични и veggie бургери на шеф Марк де Јонг и диџејскиот сет. Погледнете ги фотографиите од изминатиот совршен „Петок после работа“. Guess what? Поради одличниот одѕив на настанот, продолжуваме и овој петок. Се гледаме на терасата на Јавна Соба на 5 јули од 17 часот!