Далеку од туристичкиот хаос на Охрид во овој дел од годината, плажата Оревче постојано докажува дека е топ локација за летни маратонски журкања. А PopUp Music пак, докажа дека има беспрекорен вкус во изборот на музички имиња кои знаат да привлечат внимание и да приредат одлична забава.
Во петокот стартувавме уште во 18 часот со сетовите на Ison, Aldebaran и Flooder, Sandrino (Slum over histories), а точката на вриење во атмосферата на 12-часовниот денс-настан беше достигната со сетовите на италијанските диџеи Lehar и Мusumeci. Се играше до рано наутро, а ние имавме чувство дека Оревче таа ноќ го доби шмекот на вистинска „електронска плажа“ по теркот на најпознатите летни дестинации за журкање во регионот.































