PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Како се рециклираат луѓе

popup by popup
април 26, 2018
in Universes
0
399
СПОДЕЛУВАЊА
2.3k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Употребата на јавниот и на приватниот простор е еден од најгорливите проблеми на најбројниот бразилски град Сао Паоло. Во оваа јужноамериканска држава има околу 6,2 милиони бездомни семејства, наспроти 7 милиони празни и неискористени имоти. Овој дисбаланс е во многу поголем сооднос во повеќемилионскиот Сао Паоло каде што проблемот со домувањето е очигледен. Несигурните улици на Сао Паоло често ги принудуваат неговите граѓани бездомници да се впуштат во криминал и зависност од дрога.

Со текот на времето, бездомниците и наркозависниците почнале да го користат просторот под градските мостови и автопатиштата, кој е потполно заборавен од властите. Но нештата под мостот Алкантара Мачадо се малку поинакви. Како што се доближувате до оваа област во централниот регион Брас, по еден од најважните патишта на Сао Паоло што го поврзува центарот со густонаселениот источен дел од градот, мостот изгледа како и сите други мостови. Бетонот постепено се распаѓа, минувачите нелегално оставаат купишта ѓубре и шут, а околните објекти се прекриени со графити. Како што се спуштате накај приземјето, нештата стануваат поинакви. Зад една челична ограда забележувате луѓе од различни возрасти – некои во валкани, стари алишта, други со скапа опрема за вежбање – како удираат боксерски вреќи, скокаат јаже, креваат тегови. Ова е теретаната Гаридо Боксе, еден од најуникатните социјални проекти на Сао Паоло.

Оваа теретана ја основал поранешниот боксер Нилсон Гаридо во 1998 година. Таа е отворена за јавноста, посебно за бездомниците и за сиромашната популација во околната област Брас. Во неа сите се добредојдени. Теретаната Гаридо е замислена како место кое освен за одржување на формата, служи и како средство за оттргнување на ранливите категории граѓани од улицата. На почетокот, опремата во теретаната била составена исклучиво од рециклирани материјали.

Постепено проектот станувал сè попопуларен. Нилсон Гаридо се присетува дека на почетокот во медиумите многу се зборувало за „лудакот под мостот“ што прави нешто различно од досега виденото. Во периодот кога медиумите му го дале овој прекар и пишувале стории за теретаната, јавноста почнала да го препознава овој проект како нов начин да се направи нешто за луѓето, па почнале да доаѓаат и масовно да донираат материјали, опрема, книги. Како што подвлекува Гаридо, во тој момент овој зафат престанал да биде теретана и станал социјален проект во вистинска смисла на зборот. Теретаната функционира така што секој може да дојде и да тренира без разлика на возраста, националноста, полот или социјалната класа. Опремата може да се користи бесплатно. Само вработените корисници имаат обврска да плаќаат мала сума на месечно ниво. Дури и самиот Гаридо живее во куќа што се наоѓа во близина на теретаната и прибира луѓе од улицата за да му помогнат околу водењето на проектот, а за возврат им дозволува да живеат во неговиот дом.

Освен салата за вежбање, еден од поважните делови од проектот е големата библиотека со донирани книги, кои се бесплатни за читање и за позајмување. Бездомниците не можат да дојдат до членски карти во библиотеките бидејќи немаат фиксни адреси, па овој дел од социјалниот проект помогнал во описменувањето на многу луѓе.

Гаридо вели: „Овде со гордост рециклираме човечки суштества. Во Бразил има многу проекти за рециклирање конзерви и секаков вид отпад, но никој не се занимава со рециклирање на луѓето оставени на улица.“

Пренамената на просторот под мостовите на Сао Паоло е дел од големата визија на Нилсон Гаридо за градот, особено сега кога полека исчезнуваат градските паркови и фудбалските терени. Тој вели: „Во Бразил, луѓето ги гледаат мостовите одозгора, но никој не ги погледнува фавелите и луѓето што живеат под нив. Ова што го правиме овде е револуција и посакуваме еден ден ваква да биде иднината на сите мостови во Сао Паоло и ширум Бразил“.

Со сè поголемата популарност на социјалниот проект, теретаната на Гаридо добила најсовремена опрема за вежбање и боксерски ринг како донација од најголемиот бразилски синџир на теретани, но тој останува цврсто на ставот дека духот на проектот нема да се промени и покрај скапата опрема со која располага. Тогаш почнале да го советуваат дека треба да се ослободи од бездомниците и да започне да наплаќа за да заработи многу пари, но тој одбил велејќи дека не му е до парите и оти не би ја ни имал скапата опрема да не биле овие луѓе што верувале во проектот од првиот ден на неговото постоење.

Tags: активизам
Previous Post

Зошто Исланѓаните се толку креативни?

Next Post

MØ – од панк-активистка до поп-ѕвезда

Next Post

MØ – од панк-активистка до поп-ѕвезда

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum