PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Филип Стефановски: Цел свет ми е дома

popup by popup
јули 31, 2018
in Интервјуа
0
415
СПОДЕЛУВАЊА
2.4k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Филип Стефановски е млад човек што го има светот на дланка. Роден е во Белград, по потекло е од Битола, прво одделение завршил во Мароко, второ и трето учел во Скопје, а основното образование го комплетирал во Нов Зеланд. Гимназијата и факултетот ги завршил во Австралија. Вистински номад кому совршено му прилега животот во облаците! Во моментов тој е пилот на „Airbus A380“, кој собира над 500 патници и лета од Дубаи до 45 дестинации во светот. Меѓу нив, омилени му се Њујорк и Сингапур, бидејќи е воодушевен од начинот на живот во овие градови. И да, се замислува кога ќе го прашате: Каде ти е дома? 🙂

Колку е комплицирано слетувањето на аеродромите во мегаполиси од типот на Њујорк? Што е специфично за нив?

Њујорк има три аеродроми: JFK John F. Kennedy International Airport, Newark Liberty и LaGuardia. Со авионот „Airbus А380“ летам на JFK. Станува збор за еден од најкомплицираните аеродроми за слетување во светот. Овој аеродром има четири писти и многу често се случува во последен момент да ви ја сменат пистата и процедурата. Тоа е мошне стресно бидејќи со овој тип авион не е баш eдноставно да се изведат промените. Но, јас никогаш не сум имал проблеми бидејќи работам во согласност со правилата и процедурите. Единствен проблем е тоа што станува збор за летови што траат околу 14 часа (Дубаи – Њујорк), па може да се случи да бидете уморни и ненаспани. Затоа на летот има двајца капетани, кои меѓу себе го делат ова време на летање по седум часа. Пилотот секогаш мора да е добро наспан и концентриран за својата работа.

На која локација најмногу уживаш во одморот и релаксацијата меѓу летовите?

Меѓу долгите летови обично имаме 24 часа слободно време, кое најчесто го користам за релаксација и прошетки. Омилена локација за одмор ми е островот Маврициус во југозападниот дел на Индискиот Океан. Маврициус е во иста часовна зона со Дубаи, а летот дотаму трае 6 часа. Таму престојуваме во еден фантастичен ресорт блиску до аеродромот, на спротивната страна од крајбрежјето на кое се наоѓа главниот град Порт Луис. Воодушевен сум од тиркизното море и недопрената природа на овој далечен остров и секогаш кога сум таму, си дозволувам еден мини-одмор за да се наполнам со енергија за следниот лет.

Која ти е најдалечната дестинација за летање во моментов?

Најдалечна дестинација за летање ми е Оукленд во Нов Зеланд. Летот дотаму од Дубаи трае приближно 16 часа. Во Оукленд живеев шест години и можам да кажам дека особено ми се допаѓа тамошната идеална температура од просечни 23 степени Целзиусови. Оукленд е доста напреден и организиран град, кој по стилот и начинот на живот не се разликува многу од австралиските градови.

Верувам дека придружен дел на секоја попатна станица на еден пилот се и гастрономските уживања што ги пружаат различните национални кујни. Што би можел да ни издвоиш?  

Да, секако. Од гастрономските специјалитети низ целиот свет го издвојувам раменот во Њујорк. Најдобриот рамен сум го јадел токму таму. Раменот е јапонски специјалитет – густа супа со резанки, со прилог од месо. Исто така го препорачувам и сушито во Токио. Во Сингапур секогаш го јадам највкусниот сатај (печено пилешко или свинско со сос), како и посебниот вид риба позната како stingray или орлова раја. Јоханесбург во Јужна Африка, пак, е место каде што може да се најде одличен бифтек. Во Бангкок имав можност да јадам и кај 71-годишната „кралица на тајландската улична храна“ Џеј Фаи, која неодамна доби Мишелинска ѕвезда за квалитет. Џеј Фаи е позната по својата ексцентричност и носи очила за скијање за да се заштити од вжештеното масло додека готви. Пред нејзиното мало дуќанче секогаш се чека ред.





На кои дестинации би сакал да леташ во иднина?

Единствено сакам повеќе да летам во Јужна Америка. Во тој дел од светот сум летал само до Сао Паоло, Бразил. Голема желба ми е да летам до Аргентина и до Чиле.

[URIS id=2044]

Кои се најголемите проблеми со патниците што најчесто настануваат на еден лет и како екипажот се справува со нив?

Најголемиот проблем што може да настане со патниците е кога треба да им се укаже медицинска нега при некаков здравствен проблем. Авионот собира над 500 патници со различна здравствена состојба и често се случува да се појави ситуација во која мора итно да се интервенира за да се спаси нечиј живот. Сето тоа е пропишано со стриктни процедури. Стјуардесите се обучени за пружање медицинска помош, а доколку станува збор за посериозен проблем, тогаш ја имаме можноста да воспоставиме повик со лекар, кој дава соодветни инструкции како екипажот да се справи со конкретниот случај – во смисла, дали проблемот е сериозен или ќе мора да се слета веднаш, бидејќи се работи за летови од 14 часа што патникот не би можел да ги преживее. Се разбира, има и легален аспект во сево ова, бидејќи на крајот на краиштата, капетанот ја понесува одговорноста за безбедноста на сите патници во авионот. Затоа треба да се постапува максимално внимателно и совесно.

Која глетка од пилотскиот кокпит те има оставено без здив?

Двапати ја имам видено поларната светлина или Aurora borealis над Гренланд, на пат кон САД.  Сум летал и над Северниот Пол, и за летањето над половите важат посебни процедури. Не се препорачува често летање во тие подрачја поради постоењето космичка и соларна радијација.

 

Има ли нешто од Македонија што не можеш да го пронајдеш низ светот?

Си мислев дека ќе ми недостасуваат бурек и ќебапи, ама ги пронајдов во Сингапур во кафанчето на Есад од Нови Пазар 😀

После сите овие дестинации и преселби, каде се чувствуваш како дома?

Секаде каде што ми се најблиските, тие што ги сакам. А најблиските ми се низ целиот свет. Татко ми и мајка ми се во Бангкок, сестра ми е во Женева, брат ми е во Дубаи. Пријателите и роднините ми се во Битола. Според тоа, цел свет ми е дома.

Previous Post

Божо Вреќо: Човекот севдах

Next Post

Фадо: Звукот на Португалија

Next Post

Фадо: Звукот на Португалија

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum