PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Ефектот на златната рипка – вистина или мит

popup by popup
јули 23, 2018
in Universes
0
401
СПОДЕЛУВАЊА
2.4k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Истражувањата велат дека просечниот опсег на човечкото внимание се намалил од 12 секунди во 2000 година на 8 секунди во 2013, што е една секунда помалку од опсегот на внимание на златната аквариумска рипка (т.н. ефект на златната рипка – Goldfish effect). Според научните претпоставки, виновник за ваквата ситуација е лесната достапност на информациите, инфографичкиот начин на брзо сервирање на податоците и инстантната комуникација со кратки пораки. Дали информатичката технологија предизвикува ментална ерозија?

Според истражувањата,  луѓето лесно се пренасочуваат од еден на друг медиумски извор, без потребната доза концентрација. Од друга страна, пак, тие забележале дека способноста за мултитаскинг (извршување повеќе разнородни задачи во исто време) драстично се подобрила во ерата на мобилните телефони. Според истражувањето на „Микрософт“, промените се резултат на способноста на мозокот да се адаптира и да се менува со текот на времето, а додека намалениот опсег на внимание веројатно претставува страничен ефект на развојот на мобилниот интернет. Анкетата исто така ги потврдила и генерациските разлики во употребата на мобилните телефони. На пример, 77% од луѓето на возраст помеѓу 18 и 24 години одговориле потврдно на прашањето: „Кога немам што да правам, посегнувам по мобилниот телефон“, во споредба со 10% кај луѓето над 65-годишна возраст.

Родителите се особено загрижени и поради зголемената стапка на синдромот на недостаток на внимание. Последните истражувања тврдат дека тоа е директна последица на зголеменото користење на интернетот. Социјалните медиуми го носат ризикот од т.н инфантилизација (детинетост) на човечкиот мозок. Во светот на брзи и променливи дејства, мозокот може да се навикне да оперира во кратки временски растојанија. Затоа, тој не може да им одговори на задачите што се подолготрајни, како, на пример, читањето книга или внимавањето на час.

Постојат и противници на ваквата теорија, според кои „eфектот на златната рипка“ е обичен мит. Имено, тие ги оспоруваат наводните истражувања на „Микрософт“, откривајќи дека извор за вакви податоци е вебсајтот Statistic Brain, и дека тие не се базирани на релевантни истражувања од научните институции. Според противниците, не само што нашето внимание се подобрува во процесирањето на поголем број информации, туку и во способноста да се пренасочи од едно на друго нешто. Со други зборови, сега можеме полесно да се фокусираме на повеќе нешта одеднаш, односно да ја пронајдеме содржината на која вреди да ѝ се посвети внимание. Според противниците на „ефектот на златната рипка“, нашето внимание не се намалува, туку станува пребирливо, процесира информации со висок интензитет и речиси секогаш е гладно за повеќе.

Тие упатуваат порака и до светот на маркетингот, противејќи се на идеите за поедноставување и компресирање на онлајн содржините според опсегот на внимание на златната рипка. Според нив, агресивниот и интензивен опсег на човечкото внимание ни одблиску нема да се задоволи со идеите или содржините собрани во времетраење од 8 секунди, велејќи дека за човечкиот мозок не е важно колку содржини ќе консумира, туку дали таа содржина вреди да се консумира или не. Нивниот конечен заклучок е дека човечкото внимание се менува, но на таков начин што станува поинтензивно, попребирливо и гладно за информации.

Previous Post

Албумот War Stories на U.N.K.L.E

Next Post

Елена Чемерска: Скопје чува џебови со креативен набој

Next Post

Елена Чемерска: Скопје чува џебови со креативен набој

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum