PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Десетка за фестивалот „БОШ“ и старт на „литерАРТура 2018“

popup by popup
август 21, 2018
in Настани
0
399
СПОДЕЛУВАЊА
2.3k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Aлтернативниот мултимедијален фестивал БОШ по десетти пат ќе ја претвори Гевгелија во летувалиште на слободата, културата и уметноста. Овој фестивал неформално ќе биде отворен на 24 август, со работилницата за перформативен цртеж „Ако умрам ил’ загинам“ – перформативно цртање на Горан Стојчетовиќ од колективот Арт Брут и членовите на колективот Мултимедија, кое ќе трае во текот на фестивалот и ќе заврши со изложба на 26 август, со почеток во 19 часот, во Народниот театар во Гевгелија.

Методот на „длабок цртеж“, кој Горан го дефинирал во 2015 година и го спровел со тим стручни лекари во клиниката за психијатрија при Воено-медицинската академија во Белград, како и со луѓе на отворени работилници во Галеријата Ремонт во Белград, постигнува многу плоден ликовно-психолошки израз обединувајќи ги уметноста и психологијата на Балканот.

Формалното отворање на фестивалот е со изложбата „Фотокопирница на љубовта“, групна изложба во која учествуваат Бернхарда Ксилко, Атанас Ботев, Кристијан Крстевски, Јана Јакимовска, Елизабета Линднер, Владимир Лукаш, Иван Ивановски, Тома Димовски, Горан Стојчетовиќ и Миле Ничевски. Арт Eквилибриум во улога на куратор ги покани уметниците да творат по сопствена инспирација на песната „Фотокопирница на љубовта“, во спомен на починатиот гевгелиски поет Бошко Бозаџиевски. На отворањето на фестивалот ќе бидат поставени и изложбите на Игор Тошевски („Реколекции“) и АКЦ Матријаршија („Сито и бесно“).

Во градскиот амам, во сабота ќе биде претставена изложбата „Абракадабра“ на стрип уметницата, илустраторка и компјутерска лингвистка Ана Елемарк. Ана има објавувано свои дела низ Европа, особено во Хрватска, Словенија, Србија, Франција и Шведска. Нејзината колекција стрипови “Winners”, во 2015 година беше објавена од американската издавачка куќа Floating World Comics. Изложбата „Абракадабра“ е претставување на дела од нејзината колекција создадени од изминатите две години и поврзани со зборовите кои се изговараат за да се повика доброто и да се протера злото.

Во рамките на БОШ ќе можете да присуствувате на концертот на рапкор групата „Straight Jackin“, а ќе ги слушнеме и „Далтонси“. Од Австрија доаѓа Аna Threat со својот карактеристичен lo-fi garage и sci-fi disco trash звук. БОШ ја најавува и Moussaka – пикантната мешавина на калифорниски сурф-рок звук и југословенски поп-фолк хитови од крајот на деведесеттите. Белграѓанката од Рим, Ива Станковиќ или Iva & the Toy Georgeе,  ќе има live set, во кој преку употреба на grooveboxes, синтисајзери, акустични и дигитални перкусии и разни вокални ефекти ќе создаде мешавина на звуци и жанрови, кои се движат од електро, танц, панк, хип-хоп и повеќе егзотични, балкански и арапски звуци.

На фестивалот ќе можат да се проследат и проекции на филмови од македонските автори: Вардан Тозија, Радован Павловиќ, Ана Јакимска, Саша Станишиќ и Марија Апчевска.

Соработка со СловоКулт: литерАРТура 2018

Интересно е тоа што фестивалот БОШ здружува сили со СловоКулт и практично претставува прва попатна станица на малиот меѓународен фестивал на современа уметност, текст и поезија SlovoKult:: literARTour:: СловоКулт:: литерАРТура 2018, кој оваа година за првпат ќе се одржи во две земји: Македонија (Скопје и Гевгелија) и Германија (Берлин).

Во Гевгелија, во склоп на БОШ, настаните вклучуваат групна изложба и поезија, кратка проза, текстуални фрагменти – читање и изведби на актуелна тема: Fake/Fact – Вистината во современата уметност и литература во време на лажни вести. Фестивалот ќе им оддаде чест на поетите Бошко Бозаџиевски и Игор Исаковски преку читање нивни дела. Во Народниот театар во Гевгелија на 24 август 2018 СловоКулт и АртЕквилибриум ќе приредат повеќејазичен книжевен настан и поетски мултимедијален перформанс.

На 29 август 2018 ќе биде отворена групна изложба и во галеријата Акантус во Скопје, а веднаш потоа во градината на галеријата ќе бидат организирани и книжевниот настан и поетскиот мултимедијален перформанс. Изложбата ќе вклучува слики од берлинските уметници: Катрин Салентин, Јамес Дин, Силвија Лоренц, Елизабета Линднер Костадиновска, Цетелман; и од Македонија: Дијана Томиќ Радевска, Ѓорѓе Јовановиќ, Касиопеја Наумоска, Владимир Лукаш, Дороти Пачкова, Кристијан Крстески, Моника Мотеска, Миро Масин и Тони Шулајковски.

Како гости во Македонија ќе учествуваат писателите и книжевни уредници Силвија Штрехер (Грац), Ралф Б. Корте (Берлин) и Елизабета Линднер Костадиновска (Берлин/Скопје). Во Гевгелија и во Скопје ќе настапуваат македонските поети Д. А. Лори и Александар Кирковски, а само во Скопје ќе можеме да ги видиме и Исток Улчар и Марија Грубор.

Фестивалот ќе биде проследен и со програма во „Ла Кања“, во чии рамки на 28 август 2018, во 21 часот, свој концерт ќе има кантавторката од Њујорк/Париз – Лин. На затворањето на фестивалот утревечерта, ќе можеме да го проследиме мултимедијалниот перформанс на Елизабета Линднер Костадиновска, насловен како „Коцка, наша форма“.

На 9 и 10 ноември овој фестивал ќе реализира посебна програма во Бротфабрик, Берлин.

Previous Post

„Солун, град на духови“ ќе се изведува на Споменикот на слободата во Кочани

Next Post

Режисериште #4 – Стенли Кјубрик: Контроверзниот бог на специјалните ефекти

Next Post

Режисериште #4 – Стенли Кјубрик: Контроверзниот бог на специјалните ефекти

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum