PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Чудниот случај на Бенџамин Клементајн

popup by popup
јуни 26, 2018
in Музика
0
399
СПОДЕЛУВАЊА
2.3k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Бенџамин Клементајн пораснал во строго католичко семејство. Родителите по потекло од Гана не им дозволувале нему и на неговите браќа и сестри да слушаат поп-музика бидејќи верувале дека ќе ги расипе како личности. Црквата што ја посетувале, била на два чекора од нивниот дом, а свештеникот им бил сосед. Тешко е да се замисли дека некој би успеал во намерата да ги оттргне своите пет деца од влијанието на поп-културата во 21 век. Особено во Лондон.

„Верувајте ми, можно е. Погледнете ги мормоните. На некој начин го ценам тоа бидејќи успеа да ме заштити од некои штетни нешта што сигурно би ги направил. Татко ми со ножици ни ги сечеше спортските алишта бидејќи не сакаше да носиме широки тренерки и дуксери. Веруваше дека поради таквите алишта може да имаме проблеми со полицијата“ – вели Бенџамин.

„Гардијан“ за овој артист, поет, вокалист и композитор вели: „Има неверојатна количина од Жак Брел во неговата драматична изведба, а изразите на лицето додека музицира изгледаат како Грејс Џонс да се споила со Скелетор.“

Текстовите на неговите песни се обележани со вокабуларот на самотијата. Пораснал во семејство во кое не се разговарало. Бил малтретиран на училиште поради својот музички вкус за опера и неможноста да ги изрази своите чувства. Неколку години живеел со баба му, одвоен од родителите, браќата и сестрите. Никогаш не дознал зошто токму тој морал да живее одвоено од нив, но претпоставува и разбира дека на неговите родители им било тешко да се грижат за петте деца. И им простува поради тоа.

„Се затворав себеси. Се блокирав. Мислев на безброј начини како да ги натерам луѓето да престанат да ме задеваат. Се блокирав кон сите. Го мразев зборот љубов до пред неколку години.“

Подоцна се преселил во Париз. Таму живеел како бездомник. Се сместил во хостел со десетина луѓе во иста соба, криејќи ја клавијатурата под креветот. Неговата музика му помогнала да стане култна фигура на тамошната музичка и уметничка сцена. Музичката поезија на Бенџамин Клементајн е споредувана со онаа на Ентони Хегарти и Нина Симон.

„Музиката е причината поради која почнав да зборувам со луѓето. Кога почнав да пеам во барови и во возови, започнав да го учам однесувањето на луѓето. Музиката ми помогна да земам нешто од нив и да им дадам од себе за возврат. Значењето на љубовта е огромно – за мене значи да бидам добар со луѓето и луѓето да бидат добри со мене. Во љубовта, мал е просторот за себеси. Не постои побезбедно место од закрилата на љубовта. Овие терористички напади се случуваат бидејќи некому му недостига љубов“ – вели Бенџамин.

Пред да стане познато име, бил поканет на кратка турнеја во чиј склоп бил и џез-фестивалот North Sea во 2013. Но не успеал да стигне. Го исфрлиле од возот за Ротердам бидејќи немал валиден билет. Бенџамин немал доволно пари да си купи билет, па се обидел да оди пеш бидејќи мислел дека градот е близу. Но всушност бил на 45 километри оддалеченост. Се обидел да стопира, но никој не му застанал. Му требало 10 часа за да стигне на фестивалот со раскрвавени стапала, и повторно да настапува бос.

Денес многубројни музички критичари сметаат дека Бенџамин Клементајн е еден од најзначајните музички автори на неговата генерација и идниот звук на Лондон. „Њујорк тајмс“ го смести меѓу 28-те гении што ја дефинираа културата во 2016 година, пишувајќи дека неговите композиции изразуваат музички идеи за животот со поетски револт измешан со љубов и меланхолија, софистициран лиризам во сленг, ритмички стих и прозни монолози. Тој се ослободи од традиционалната структура на песната, измислувајќи сопствена драмска и иновативна музичка територија. Можете да го видите со боси нозе и без кошула на сцена, облечен целосно во црно или темно сиво, со долга наметка. Неговиот деби-албум „At least for Now“ ја доби наградата „Меркјури“ во 2015 година и се стекна со голем успех во континентална Европа. Именуван е и за една од највлијателните фигури во Британија.

Previous Post

Dj Mark Funk во CASA (галерија)

Next Post

PopUp Music: Аngel Anx во Синдикат

Next Post

PopUp Music: Аngel Anx во Синдикат

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum