11-тата сезона и 8-годишниот јубилеј за DIY унисекс етикетата на графичкиот дизајнер Горан Костовски – ind.o.g е мотивирачки подвиг да не се откажуваме од работите што ги сакаме без разлика колку и да се тешки и нема услови да се случат/реализираат.

Досега зад оваа етикета стојат 12 самофинансирани колекции, од кои 9-тата била финансиски реализирана со помош на канцеларијата на Европската Унија во Скопје. Исто така, за првпат во Македонија реализираа и една групна изложба со 13 домашни дизајнери, како и две самостојни изложби.
Супкултурата што секогаш била присутна па дури и во исчезнување е вечна инспирација за секоја нова сезона на „Celebrate Life“.
Фотосесијата е дело на Марко Монс, со кого Горан Костовски – ind.o.g соработува последните години, а во неа се појавуваат и диџејот Soul Case, Александра во уметничка дирекција на ind.o.g и постпродукција на Марко Монс. Јубилејната лимитирана серија се состои од 40 парчиња и oversized маица што е спакувана во торба дизајнирана специјално за 8-годишнината.
Some people want it to happen,
some wish it would happen,
others make it happen.
Make it…
Celebrate life!


