PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Акуа Нару во Скопје: Ако љубовта имаше звук (галерија)

popup by popup
мај 7, 2018
in Музика
0
400
СПОДЕЛУВАЊА
2.4k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Во уметноста, веднаш може да се оддели доживеаното од недоживеаното. „Патував дотука од 5 часот утрово, за да бидам овде пред вас, Скопје…“ рече Акуа Нару, шокирана додека публиката во еден глас ја придружуваше во нејзината „Poetry: How does it feel now?“. А Скопје синоќа беше жена. Ранлива, заљубена, но проклето силна.

„Сакам да водам љубов со твоето постоење,
Накисната со боите на твојата енергија,
и потоа да мастурбирам на спомените.
Сакам да се изгубам себеси во тебе,
сè дури не ме пронајдеш.
Заточи ме во слободата на твојот затвор.
Да постоиме на истиот простор, во истото време;
Да се сплотиме сè дури твоите мисли
полека не се измешаат со моите…“

(Акуа Нару – Poetry: How does it feel now?)

Магијата на Акуа Нару се состои во нејзината способност да ги измеша хипнотичките текстови со џез и соул звуците и да го изнесе артистот што ги изведува – соголен пред публиката. Ослободен од сите социјални кожи, без маската на популарноста. Воодушевува и блискиот контакт на моќната хип-хоп изведувачка со публиката и постојаната потреба да ја анимира да учествува во самиот музички чин што се случува на сцената. Акуа Нару и импресивниот бенд што умешно меша неколку музички стилови се огледалото што публиката ја претвора во сцена.

Растена среде црковниот госпел, меѓу исклучително силни афроамерикански жени – нејзината самохрана мајка и баба, преку своите песни таа ја преточува женската енергија во својата најчиста форма. Специфичната поетика во текстовите и бојата на гласот како да ѝ се подредени на женската сила што извира во секоја песна посветена на љубовта и радоста: „Ако љубовта имаше звук, ова би бил тој звук, а ние би биле бендот што би го отсвирел“.

 [URIS id=1092]

Еден ден, Акуа станува сведок на жесток физички напад врз Афроамериканка, што ќе ѝ го зацврсти убедувањето дека правата на жената и пaрализирањето на општествените неправди не ѝ се мисија – туку целиот живот. Акуа Нару влегува во политиката, во младински движења за човечки права, дипломира на два универзитета и ги прави првите сценски настапи, сè потешко вооружувајќи се со најсилното оружје – музиката.

Комбинирајќи ја музиката на своите африкански предци со интелигентни продирачки текстови, преку песните од штотуку објавениот албум „The Blackest Joy“, Акуа Нару јасно ни стави до знаење дека ова што го слушаме е политички, прогресивен звук, музика со гласна порака во која се содржани предизвиците и отпорот кон неправдите со кои се соочува нејзината заедница.

Синоќа Скопје не беше накиснато од дожд. Синоќа Скопје беше целосно поплавено од моќта на црната, белата, обесправената, различната, заљубената, осамената, но силна жена. Do you give up or you keep going?

Tags: музиканастани
Previous Post

Никола Узуновски: Milan Design Week

Next Post

Владо Данаилов: Ослободителите стојат гордо

Next Post

Владо Данаилов: Ослободителите стојат гордо

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum