PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Аи Веивеи: Уметничката совест на бегалската криза

popup by popup
август 30, 2018
in Уметност
0
399
СПОДЕЛУВАЊА
2.3k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

За Аи Веивеи се вели дека брзо се претворил во совеста на уметничкиот свет кога станува збор за голготата на раселените лица низ светот. И тој го поминал своето детство во егзил од родниот Пекинг, како резултат на притисокот од власта со кој се соочил неговиот татко – поет. Потоа го искусил и животот на имигрант додека студирал во Њујорк, а во 2015 година ја напуштил Кина поради соочувањето со бруталната репресија врз неговата работа како уметник и активист. Токму затоа, Аи Веивеи е ревносно посветен на подигнувањето на свеста за глобалната бегалска криза.

Во 2016 година, Веивеи позираше како удавеното сириско дете Алан Курди, со цел да го насочи вниманието кон сериозноста на кризата. Тогаш рече: „Прашањето на бегалците не е локално или регионално прашање. Тоа е прашање на човечките права, поврзано со фундаменталните вредности што го допираат секого.“

Во 2016 година, во Виена, Аи Веивеи креираше лебдечка инсталација користејќи 1.005 спасувачки елеци носени од бегалците при нивните патешествија. Елеците беа поставени во форма на 201 прстен, секој од нив составен од пет елеци. Сите елеци беа поставени во форма на буквата F, во езерцето на Белведере, симболизирајќи лотосови цветови.

Во обид уште повеќе да го насочи вниманието кон хуманитарната криза, уметникот искористи 14.000 портокалови елеци за спасување, со кои ги обвитка шесте столба на Концертниот дом во Берлин.

Во 2017 година, уметникот го претстави своето дело „Законот на патувањето“ во Националната галерија во Прага. Делото претставува 70-метарска скулптура на брод на надувување, на која се качени 258 фигури, со цел да укаже на срамното политиканство во Европа и пошироко, со кое се игнорираат маките на милионите бегалци во потрага по засолниште од воениот хаос во нивните земји.

На Венецискиот филмски фестивал дебитираше и на полето на филмот со документарецот „Човечки тек“ („Human Flow“), преку кој и визуелно го претставува мачното патување на милионите мигранти низ светот, со емотивни кадри од Берлин, Кале, Газа, Турција, Бангладеш, Јордан и од американско-мексиканската граница.

Прашањето за бегалците го донесе и во Њујорк со изложбата „Добрите огради прават добри соседи“. Овој пример за уметност на јавен простор беше распространет ширум целиот град, со закачени банери со ликови на бегалци, портрети на имигранти поставени на автобуски постојки, како и впечатливиот кафез под капијата во Вашингтон Сквер Парк. Сите елементи на оваа јавна изложба претставуваат силен одговор на глобалната бегалска криза и одраз на длабокиот социјален и политички импулс на луѓето да се делат меѓу себе.

Previous Post

„Здраво млади“ го спасува урбаното Скопје по осми пат

Next Post

5 минути спиење на работното место

Next Post

5 минути спиење на работното место

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum