PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Big Girls Movement: Ритамот на големите самоуверени девојки

popup by popup
мај 15, 2018
in Universes
0
399
СПОДЕЛУВАЊА
2.3k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Признајте, колкупати досега ви се случило да забележите некоја личност која отскокнува од наметнатите општествени стандарди за физички изглед, како игра, како се смее… како пее… како вежба во теретана?

Ајде сега пак, колкупати ви се случило среде дискотека или домашна забава, без капка алкохол во вас да пробате да играте и да го фатите ритамот на музиката, ама никако ни да се помрднете од мртва точка? Едноставно не ве бива. Убедени дека секој поглед е насочен кон вас, чувствувате како некој штраф да поминува низ вашето стапало и завршува закован за подот. За колковите не ни правиме муабет, уште помалку за рацете. Сè што сакате во тој момент е да имате барем една чаша во раката, макар и празна, знаејќи дека тоа ќе ве направи за нијанса подобар играч од она што мислите дека сте. А не сте 🙂

…накратко, ова е суровата вистина за сите нас, за првите неколку часа од секој викенд и секоја журка!

Погледнете го видеото:

https://www.youtube.com/watch?v=QRRBqs3iAtw

Ова се девојките од Pretty big movement, танчерска група под водство на девојката од Бронкс,  Акира Армстронг.

Акира за првпат е забележана како танчерка во два видео спота на Бијонсе. Иако ја имала честа да се појави во нив, сепак, агенциите не ја прифаќале поради нејзината нестандардна фигура за танчерка.

„Кога луѓето зборуваат за стереотипно танчерско тело, тие си замислуваат многу слаби девојки, високи, со високи нозе и со долги раце. Растејќи во танчерска средина, се чувствував како моето тело да е обратно… луѓето погледнуваат кон тебе и ти судат поради твојата големина, без да ти дадат шанса да се докажеш.“

Убедена дека може да успее, Акира го составува својот совршен тим од девојки и со нив ја започнува приказната за Pretty Big Movement, охрабрувајќи ги девојките дека ништо не е невозможно сè додека имаш самодоверба и веруваш во сопственото тело. Видеата и настапите на групата веќе се множат на социјалните мрежи, а притоа самата Акира храбро изјавува: „сакам жените да се чувствуваат инспиративно, да бидат самоуверени и храбри во секој аспект од нивниот живот“.

Ритамот е во тебе! Треба само да замижиш, да земеш воздух и да се заиграш како никој да не те гледа – тогаш сите очи без предрасуди ќе погледнат во тебе!

Previous Post

Лазар Симеонов: Не постои фотографија за која вреди да се умре

Next Post

„The Fat of the Land“ сè уште звучи ново

Next Post

„The Fat of the Land“ сè уште звучи ново

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum