Време е за stress relief 😊 Петар ни готви тако и заедно уживаме во добро пиво. Правиме два вида такоси. За првиот користиме: 3 чешниња лук, 1 чили пиперка, 3-4 парчиња млад кромид, лажичка кафеав шеќер, лажичка соја сос и ориентален зачин (гарам масала, на пример). За вториот: cheese dip sauce, марула и морков.

Петар вели: „Многу тешко се наоѓаат мешавини од зачини кај нас, меѓутоа не е невозможно. Во поголемите маркети има некои мешавини за такос, а има и некои генерални мешавини со кои може да се експериментира.“ Ние отидовме во продавница за зачини и си направивме наша мешавина што се состои од: 1 лажичка куркума, 1 лажичка кумин, половина лажичка мелена лута пиперка и половина лажичка мелен лук.

Голтка пиво и продолжуваме со „потешкиот дел“: Месото го пропржуваме со зејтин убаво да изгори од сите страни, а потоа го вадиме да се одмори и да се излади на кујнска хартија. Ги сечкаме лукчињата, лутата пиперка, младото кромитче. Во едно тавче ставаме половина сечкана пиперка, лукчето и месото ги враќаме повторно со малку зејтин да се пропржат по вторпат за да стане крцкаво. Додаваме една лажичка соја сос, кафеав шеќер и ориентален зачин. На крај ги додаваме кромидот и другата половина од сечканата пиперка. Не користевме taco shells туку помали сечени тортилји. ПРЕПОРАКА: Ако немате држачи за taco shells, може да искористите неколку лименки Златен Даб за таа цел! (нема проблем 😊)

Првите тортилји ги наполнивме со ориентално мелено месо заедно со малку морковче, а во другите го додадовме обичното месо посолено со малку сол и додаток – лентички од морков, марула и cheese dip sauce. Така имаме лути такоси, а ги решивме и оние што не јадат луто и ориентално.

Que viva México! Salud!