PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Време е да работиме помалку

Адам Грант е организациски психолог што го создава поткастот „Worklife“ како дел од аудиоколективот на добропознатата платформа за „идеи вредни за споделување“ TED. Неговиот поткаст е посветен на проучување на тоа што нѐ прави тоа што сме и нѐ носи низ мислите на фасцинантни луѓе.

PopUp by PopUp
ноември 27, 2022
in humans
0
Време е да работиме помалку

Муралот „How to work“ на Peter Fischli и David Weiss од 1991 година. Извор: Galerie Eva Presenhuber

405
СПОДЕЛУВАЊА
2.4k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Во најновата епизода на поткастот „Worklife“ посветена на четиридневната работна недела, тој пренесува разговор од Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, со соговорници што работат на менување на начинот на кој го користиме нашето време.

На почетокот на епизодата тој раскажува дека Хенри Форд, кој иако не бил познат по грижата за своите вработени или добрите менаџерски навики, прв воочил дека луѓето се попродуктивни кога работат помалку и ја свел шестдневната работна недела на пет работни дена. Ова се случувало пред приближно еден век, што го наметнува прашањето зошто човечкиот изум, петдневната работна недела, не доживеал никакви промени оттогаш? Пандемијата со КОВИД-19 дополнително ја нагласи потребата да се промени начинот на кој работиме и навидум радикалната идеја дека можеби е можно работата да не е во центарот на нашите животи.

Всушност, постојат многу организации и компании што пробуваат да осознаат какви би можеле да бидат тие промени и нивниот потенцијален придонес кон успехот на организацијата и квалитетот на живот на вработените, клиентите и корисниците. Дел од овие компании се јапонската гранка на Microsoft, исландската влада, осигурителна компанија од Нов Зеланд и многу други. Иако сѐ уште е рано да се прогласи експериментот како успешен, досега е очигледно дека продуктивноста на вработените во најлош случај останала иста, а во најдобар била многу подобра, како што бил и нивниот квалитет на живот.

Една од забелешките што ги дале личности кои учествувале во работилници посветени на реобмислување на работната недела била да се реобмисли начинот на кој се организира работниот ден така што структурата би ги имала предвид работите што им се најважни на работниците: грижата за себе и за своите семејства, психофизичкото здравје (кое вклучува мирување, игра и задлабочување во рекреативни активности) и грижата за своето опкружување. Практично нивното барање го формулирале како „да имаат повеќе време за своите животи“, фраза што во минатото била извор на конфликт помеѓу привилегираниот дел од светот и поголемиот дел од популацијата за кој работата е неопходна, но честопати ги чини поскапо од тоа што го заработуваат..

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adam Grant (@adamgrant)

Покрај добросостојбата на работниците и нивните семејства, што секако би требало да биде приоритет во креирањето на работните услови и политики, придобивките од скратената работна недела би се чувствувале и во загрозената животна средина и нестабилната економија што го одбележува ова време.

Но, што е тоа што можеме да очекуваме да произлезе од средбата на менаџери во прекрасното швајцарско гратче, каде што зборуваат за револуционерни идеи на кои очигледно понекогаш им требаат векови за воопшто да почнат да влегуваат во практика? Можеме да почнеме со тоа што во поп-културата е познато како „бебешки чекори“, односно да бидеме упорни во обидите да најдеме подобри облици на работа како што бебињата се упорни во тоа да научат да одат иако постојано паѓаат и се удираат во остри рабови. На пример, веќе вообичаена практика на многу компании е да прогласат еден ден во месецот, најчесто петок, како „ден за менталното здравје“. Тој ден станува неработен без тоа на каков било начин да влијае врз приходите или придобивките на вработените.

Експертите тврдат дека кога секој би можел да заработи живејачка и да има време, простор и енергија да го живее сопствениот живот, би бил многу попродуктивен и квалитетен работник, а пред сѐ одговорен граѓанин и жител на планетата Земја.

Клелија Живковиќ

Previous Post

Фадо во Битола: Џоана Амендоеира и нејзиниот бенд

Next Post

Иван Нешовски: како дизајнер, одржливоста е моја одговорност

Next Post
Иван Нешовски: како дизајнер, одржливоста е моја одговорност

Иван Нешовски: како дизајнер, одржливоста е моја одговорност

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum