PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Три препораки за читање од Петар Андоновски

popup by popup
февруари 6, 2019
in Universes
0
403
СПОДЕЛУВАЊА
2.4k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Делот од Скопје по раскрсницата на „Димитрие Чуповски“ и „Даме Груев“ решивме да го прогласиме за „книжевна улица“, бидејќи секоја прошетка покрај квалитетните книжарници таму е примамлива игра за луѓето со изострен читателски сенс. Всушност, токму тоа е јадрото на врвната книжевна понуда во градот. Вчера во потрага по читателска наслада влеговме во „Полица“ и на наше големо задоволство таму го сретнавме Петар Андоновски, младиот писател што во 2015 година беше носител на престижната награда „Роман на годината“ за „Телото во кое треба да се живее“, насмеан и расположен да ни помогне. Веднаш знаевме дека се наоѓаме во сигурни раце при изборот на книги. Како искусен и деликатен „книжевен сомелие“, Петар внимателно пребаруваше низ „Полица“ велејќи ни дека ќе ни предложи наслови за кои кај нас не се зборувало многу, а чии ликови и приказни сигурно ќе нè натераат да размислуваме и да се преиспитуваме себеси. Вака изгледа неговиот избор и тоа што ни го раскажа за секоја од избраните книги:


„Крајот на Еди“ – Едуар Луј

Растејќи во сиромаштија и во работничко семејство на северот на Франција, Еди само сака да биде вистински маж во очите на своето семејство и соседите. Но неговото тело се спротивставува на таа желба: врескавиот глас, врцкањето со колковите и пренагласената гестикулација уште од детството го издаваат. Поради тоа неговите врсници го тепаат и го навредуваат со погрдни зборови. Големината на овој автобиографски роман не е во исповедта за преживеаното насилство, туку во гласот лишен од самосожалување, патетика и осуда.

„Куклата на Кокошка“ – Алфонсо Круж

Ова е еден од ретките романи во кои и насловот е приказна за себе. Сликарот Оскар Кокошка толку бил вљубен во Алма Малер, што по нивното разделување побарал да му направат кукла во природна големина и со сите детали од телото на неговата љубена Алма. Кокошка не срамејќи се од својата страст, јавно низ градот се шетал со својата кукла, па дури ја носел и на опера и балет. Постоењето на таа кукла што сликарот до крајот на животот се обидувал да ја оживее, на чуден начин се испреплетува со животот на неколку други луѓе, кои се обидуваат да го преживеат бомбардирањето на Дрезден на крајот од Втората светска војна.  Овој „роман во роман“ е симбол, а и метафора на едно пријателство, приказна за тоа како нашиот однос со другите е клучен за нашиот идентитет.

„Света ноќ“ – Тахар Бен Желун

Дваесет и седмата ноќ  од месецот Рамазан, во животот на Ахмед се случува пресврт. Мохамед Ахмед, мароканско девојче пораснато како момче за да се заобиколат исламските закони за наследство, во однос на женските деца, е во постојана борба самата со себе и со својот идентитет. По смртта на таткото, Ахмед ја отфрла својата улога на син единец и наследник, и станува Зехра. „Света ноќ“ е остар алегоричен портрет на северноафриканското општество, но и побуна против традицијата, родовите улоги и сексуалноста.

Tags: нови простори
Previous Post

Две недели џез во Brooklynski

Next Post

Изложба „Загрозен модернизам“ во МКЦ

Next Post

Изложба „Загрозен модернизам“ во МКЦ

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum