15 49.0138 8.38624 arrow 0 arrow 1 4000 1 0 horizontal https://popup.mk 300 true 4000
интервју
„Њујорк тајмс“ го опиша како „уметникот со ангелски глас што ја лекува душата и ги отвора срцата“. Неговиот петти албум „Мелек“ ги собра највисоките оценки од музичката критика во регионот, а на него соработува со плејада врвни уметници, умешно спојувајќи го севдахот со џезот, па дури и со електронската музика (на албумот има преработка на…
„Breakfast Club“ во урбаното јадро на Скопје е базата на колективот „Long Bus“, составен од Иван, Еми и Оливер, кои го ставаат потписот зад бебе-проектот на забавите што тие ги дефинираат како нов здив и свеж пристап во начинот на консумација на ноќниот живот и на музиката. Овде го пијат првото кафе, јадат сендвич, па…
Замислете островче среде градот, на кое може да се стапне само ако претходно ги фрлите разликите, предрасудите и стереотипите со кои ве натоварило општеството. Сега замислете дека на тоа островче сите се еднакви, се смеат и разговараат само со говорот на телата. И притоа совршено се разбираат.
„Многу ја сакам магнолијата“ – вели Искра додека се движиме кон раскошното дрво во паркот спроти бараките на Град Скопје, каде што работи веќе десет години. Тивко дополнува дека се разочарала кога шеталиштето во убаво уредениот простор го направиле со песок, оти потешко се движи со своето помагало по песочни површини.