Во среда започнува дигиталниот фестивал „Democracy 2.0“, каде што за прв пат на исто место ќе може да ги погледнете сите четири делови на „Орестија“, придружени со разговори и презентации на членови од креативните тимови од Скопје, Минхен, Лондон и Грац.
Тоа што требаше да значи конечно спојување на сите делови на претставата во едно големо патувачко друштво, ќе го гледаме адаптирано и сместено во виртуелниот простор на дигиталниот фестивал „Democracy 2.0“, организиран од партнерите Pathos од Минхен.
Новата македонска дигитална верзија на „Орестија 1/4“ може да ја погледнете на програмата на овој фестивал на 18 февруари (четврток) во 20 часот.
Повеќе информации за редоследот на адаптираните дигитални претстави, презентациите и разговорите на овој линк.

Претставата „Орестија 1/4“ на фестивалот „Democracy 2.0“
Претставата „Орестија 1/4“ чија премиера се случи на 28 октомври 2020 е дел од The Chorus Project - проект поддржан од Креативна Европа (Creative Europe), во копродукција на МКЦ Скопје, Апстарт театар (Upstart Theater) од Лондон, Патос (Pathos) од Минхен и Театар Ам Ленд (Theater am Land) од Грац.