Оваа сабота, ДВИЖЕЊЕ го организира својот четврти поголем настан, а првиот од овој калибар во Скопје, поточно во клубот Минус Еден. Како и на сите досегашни изданија, на ДВИЖЕЊЕ004 ќе настапуваат диџеите од колективот; Михаил Илиев, Давид Симонов и Лазар Биков, а гостинка и локална поддршка ќе биде Настасјакиш. Настанот ќе се случи во Сабота, 13 мај, во клуб Минус Еден со почеток на полноќ.
„ДВИЖЕЊЕ” е музички колектив, под-организација на локалниот бренд Unknown Movement и неколку пријатели. Започна како идеја пред неколку месеци и неговата главна цел е да ги промени стандардите на локалниот ноќен живот, да ги разбие стереотипите околу локалната музичка сцена и да им даде шанса на младите да уживаат во ноќните излегувања без непотизам, резервации и скапи пијалоци.
ДВИЖЕЊЕ го промовира новиот бран на електронска музика што ни го привлече вниманието минатата година, дозволувајќи му на секој изведувач да ги прошири маргините и да промовира различен поджанр со својот сет, додека тимот работи зад сцената, снимајќи ги сите DJ сетови и потоа дистрибуирајќи ги истите на сите социјални мрежи за оние кои сакаат повторно да ги доживеат.