PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Моќта на современата сценографија

popup by popup
мај 16, 2019
in Уметност
0
405
СПОДЕЛУВАЊА
2.4k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Сценографијата како правец во сценската уметност има за цел да создаде амбиент во кој публиката ќе заборави на надворешниот свет и целосно ќе се фокусира на сценското дејство од најразличен тип. Во минатите векови сценографите користеле масивни конструкции за да претстават цели села, куќи, пејзажи и слично. Денес, со помош на технологијата, сценографијата често се базира на употреба на едноставни елементи и употреба на проекција што помага просторот да добие целосно различна димензија.

Сценографија типична за XX век

Оваа пролет посетив два настана во Скопје каде што бев импресионирана од сценографијата, а тоа е доказ дека културните настани во нашата земја не назадуваат од светските трендови во однос на ова прашање.

Првиот настан беше Fashion Weekend Skopje, кој се одржа на многу интересна локација. Настанот се случуваше во индустриската хала на Европскиот факултет, која е во оригинална состојба, не е реновирана и е двовисински простор. Овој простор порано бил печатница за весникот „Нова Македонија“, каде што била сместена голема машина за печатење весници.

Ми се допадна пренамената на просторот. Проектот е на архитектонското студио „Proxy“. Пистата каде што се случуваа модните ревии беше поставена во долниот дел, меѓутоа интересно беше што дел од посетителите можеа да ги следат ревиите од горниот дел. Материјалите беа едноставни и интервенциите беа исклучиво од гипс картон. Ваквиот пристап освен што е економичен е и исто така добар поради тоа што за разлика од светските недели на модата, каде што секој бренд си прави посебна сценографија, кај нас повеќе различни брендови се претставуваат на иста сцена, па така едноставната заднина не одвлекува внимание од ниту еден моден бренд, ниту од дизајнот на облеката.

Ревија од модниот дизајнер Евгенија Зафировска, фото @fashionweekendskopje, простор дизајниран од архитектонско студио „Proxy“
 фото @fashionweekendskopje, простор дизајниран од архитектонско студио „Proxy“

Од меѓународната сцена позната е соработката помеѓу архитектонското студио „ОМА“ и модниот бренд „Прада“. Тие исто така за своите модни ревии користат стари напуштени згради и минимални интервенции со употреба на несекојдневни материјали.

Модна ревија „Прада“ 2017, простор дизајниран од архитектонско студио „ОМА“
Модна ревија „Прада“ 2019, простор дизајниран од архитектонско студио „ОМА“

Вториот настан што го посетив и на кој присуствував речиси секоја вечер е Dance Fest Skopje. Поинтересните вечери за мене  се случија во дискотеката „Сектор“. Ова беше првпат да присуствувам на танцов фестивал во дискотека и мислам дека идејата е феноменална. Кореографиите беа од македонски кореографи, а танчарите беа наши и странски. Танчарите во дел од кореографијата се мешаа со публиката што седеше на скалите од дискотеката. Во оваа сценографија се користат диско-ласери, кои врз едноставниот бел под и едноставната костимографија на танчарите создаваа просторна динамика.

Кореограф Адријана Данчевска Dance Fest Skopje, photo by @frozentimedrops
Кореограф Адријана Данчевска Dance Fest Skopje, photo by @frozentimedrops

За крај, мислам дека многу културни уметници во нашата земја работат вредно и со многу мали буџети создаваат настани со светски квалитет и за тоа треба да бидат поздравени.

Сара Симоска,
архитект

Previous Post

На целодневна со PopUp Music (галерија)

Next Post

Страјк го промовира третиот соло албум „Низ мојот живот“

Next Post

Страјк го промовира третиот соло албум „Низ мојот живот“

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum