На 2 јуни со почеток од 21 часот во МСУ ќе се одржи перформансот „Осуденик“ (GONER) на едно од најатрактивните имиња во современата кореографска и танцова практика – Малик Нашад Шарпе (UK). Малик е уметник кој се занимава со кореографија. Работи под псевдонимот Марикискрајкрај и создава перформанси формално засегнати со конструкција на атмосфера, афект и драматургија. Перформансот е дел од Викендот на гордоста Скопје 2023 кој ќе трае од 1 до 13 јуни во Музејот на современа уметност, МКЦ и КСП „Центар-Јадро“, а овогодишниот тематски фокус е КВИР-ХРОНОПОЛИТИКИ: Историја, афекти, утопии. Проблемите што ќе ги адресира годинашното издание тргнуваат од мноштвото квир-теории и историографии што го ставаат прашањето на времето и историјата во центарот на своите иследувања.
Осуденикот е човек кој е проколнат и е без никаква веројатност дека ќе преживее – осуден на смрт, изгубен и безнадежен случај. Делото го следи ликот низ сензуално, напнато и застрашувачко кореографско патување во психолошките длабочини на хоророт на осуденикот. Темите злоупотреба, миграција од Карибите, отуѓување, припаѓање, зависност и насилност се само навестени, додека со примена на формални алатки како авторството и естетиката на хоророт се создава радикална визуелна култура од маргинализирана перспектива, а се навестува и се воспоставува контекст на црнечката хорор-традиција во контекст на перформансот. Како ги перципираме специфичните културни наративи наспроти заднината како што е возбудлив, крвав и психолошки хорор?
Погледнете го трејлерот од перформансот:
Делата на Малик се претставени меѓународно и во неколку контексти, вклучително и платформата МДТ (Шведска), Центарот за уметности Батерси (ВБ), ИЦА (ВБ), Театарот Геснерали (Швајцарија), Театарот Јард (ВБ), Бети Нансен (Данска), Плејс (ВБ), Театарот Шауспиелхаус (Австрија), Театарот Кампнагел (Германија), Националниот центар за танц и кореографија Дансехалерн (Данска), МАИ (Канада), Театарот Ла Шапел (Канада), Рич Микс (ВБ), Тремвеј (ВБ), Театарот Ин Д Мил (ВБ), Галеријата „Нотингам Контемпорари“ (ВБ), Куартерхаус Фолкстоун (ВБ), Центарот Берскуоберге (Белгија), Центарот за креативни уметности „Атенбороу“ (ВБ), Кембриџ Џанкшн (ВБ), Клубот Еверк (Германија), Инконст ((Шведска), Центарот за човекови права во уметностите (САД), ЦЦА Глазгов (ВБ) и др. Меѓу последните дела се вбројуваат High Bed Lower Castle со премиера во ФТА (Канада) во мај 2022 година дочекан со позитивни критики. Како режисер на движење бил дел од креативните тимови Fairview (Јанг Вик), The Glow (Ројал Корт), Two-Character Play (Театарот Хампстед), Effigies of Wickedness (Гејт/Националната опера на Англија), Scandaltown (Лирик Хамерсмит) и Closer (Лирик Хамерсмит), The Living Newspaper #3 (Ројал Корт), Henry V (Глоуб), Bootycandy (Театарот Гејт), Transphoria (ИЦА) и други, со уметнички резиденции во Седлерс Велс (ВБ), Барбикан Опен Лабс (ВБ), Прајмари (ВБ), ЦЦН Каен (Франција), МДТ (Шведска) и Перформанс Ситуејшн Рум (ЕУ).
Има настапувано со перформанси и како модел за Телфар пролетна колекција 2018 (ВБ), Чарлс Џефри на Модната недела во Лондон во 2020 година (ВБ), Вивиен Вествуд на Модната недела во Париз 2021-2022 (Франција), а објавуван е во публикации како што се британското издание на „Вог“, американското издание, полското издание, „Дејзд, Дејзд Бјути“, списанието „Крек“, платформата Хаулраунд Театер Комонс, и-Д, Наунесс, списанието „Лав“, Брикс и др. Списанието „Атитуд“ го прогласи за Нова ѕвезда во 2019 година и се наоѓа на списокот на „Форбс 30 под 30“ за голем придонес во уметностите и културата во Европа.
Малик се здобил со диплома во танц од Колеџот Вилијамс во 2014 година, како и диплома за Современ танц од Тринити Лабан, каде што ја добил наградата „Симон Мишел“ за најдобра кореографија. Работи во Плејс и е резидент во Студијата Сомерсет Хаус. Во моментов е визитинг професор по танцов перформанс на Универзитетот за уметности во Стокхолм, Шведска. Живее во Лондон, Велика Британија.
Делото е нарачано од The Yard Theatre (ВБ), Dansehallerne (Данска), MDT (Шведска), Cambridge Junction (ВБ) со поддршка од Stobbs New Ideas Fund (ВБ). Дополнителна поддршка има од Fest (ВБ), The Place (ВБ), Portland Institute of Contemporary Art’s Creative Exchange Lab во Портланд и од Фондацијата Andrew W. Mellon (САД), организацијата Toronto Community Love-in (Канада), Watermans Arts Centre (ВБ), Фестивалот My Wild Flag (Шведска), Театарот Sadler’s Wells (ВБ) и Arts Council England (ВБ).
Кореографија: Малик Нашад Шарпе
Музичка режија: Табита Торлу-Бенгура, креативен директор на НТС
Сценографија: Феликс Вилиерс
Светло: Барнаби Бут
Костими: Ерик Анерборн
Менаџер на продукција: Џејмс Досон
Проектна продукција: Мајкл Кичин, Ева Стин Нордхаген
Стратешка продукција: Ункалчерд (The Uncultured)
Режија при проба: Блу Маквана
Промотивни слики: Ралф Херсборг
Промотивен стајлинг: HASZNAT*
Трејлер/краток филм: Синиса
Актери во трејлер: Изабел Гзовски, Габриел Чен, Клое Филани, Иман Виларуел, Шеми Куџое
Коса: ManWigs
ПР: Бинита Валија
Овогодишниот фестивалски постер и календарот кој ја содржи деталната програма можете да ги погледнете на следниот линк. Каталогот претставува посебно издание што вклучува зборник од култни теориски текстови на темата КВИР-ХРОНОПОЛИТИКИ од кој ќе има достапни физички примероци на денот на отворањето на Фестивалот.
Фестивалот е во организација на Коалиција МАРГИНИ и ЛГБТИ Центар за поддршка, а се реализира во партнерство со ТрансФормА, Заедно посилни, Музеј на современа уметност – Скопје, КСП „Центар-Јадро“ и Тиииит!Инк., a благодарение на несебичната поддршка на Heinrich Böll Stiftung, Фондација Отворено Општество Македонија, Министерство за култура на Северна Македонија, Friedrich Ebert Stiftung и Transgender Europe. Изложбата на Карол Раѓишевски се реализира во партнерство со Заедно посилни, и е делумно поддржана од Европската унија. Перформансот на Малик Нашад Шарпе се реализира во партнерство со ТрансФормА, и е делумно поддржан од Transgender Europe. СРАМОТА! се реализира во партнерство со Тиииит!Инк. и е поддржано од Шведска и Фондацијата Kvinna till Kvinna.