Па, така започнала и приказната со илустрациите на Кристина. Разгледајте го нејзиниот инстаграм-профил. Таа почнала со цртање уште пред да слушне за терминот „илустрирање“, најчесто во училишните тетратки и на часовите по ликовно. Посериозно почнала да илустрира пред една деценија.
„Илустрацијата ми е outlet за мислите што се вртат во мојата глава. Кога не се чувствувам доволно компетентна вербално да се изразам, користам цртеж, како пештерскиот човек, забележувам што ме опкружува, инспирира и што влијае врз мене. Инаку, како уметнички медиум ја подразбирам илустрацијата како поле… не, грешка. Сметам дека илустрацијата ја дава комплетната слобода на изразување на личниот стил, без некакви норми и стандарди што би требало да се следат, па затоа има и толку различни стилови на илустрација“ – вели Кристина.
Досега таа била дел од проектот „Сирова култура“ во организација на МКЦ, со 8 дела под наслов „Revival of the classics“, кои претставуваат преработка на познатите уметнички дела во нејзин илустриран стил. Соработувала и со „Мала пажња“, при што го реализирала својот сон нејзините дела да се најдат испечатени на маички. Исто така, работела и на свој проект во чии рамки принтала зинови за „interesting facts about the coolest dead people“, со ликовите на Тесла, Чаплин, Да Винчи итн. Познати илустратори на чија работа гледа со восхит се: Frannerd, Noam Sussman, Rocky Roark, Grant Kratzer, Nikolas Ilic, Marija Tiurina.
Ја прашавме како самоизолацијата влијае врз нејзината креативност 😊
„Целокупната состојба на самоизолација нема големо влијание врз мојата креативност, напротив, ми дава поголемо време и слобода да истражувам и да комплетирам повеќе дела кои од порано ми стоеле во глава или инцидентно се поттикнати од моменталната ситуација. По извршување на секојдневните обврски, се препуштам на музика, серии и книги, кои придонесуваат кон развивање идеи за секој следен цртеж.“ – одговори Кристина.