Летото е во полн ек, градот гори, а одморот ви се чини сè подалеку? Ова можеби звучи како реклама на туристичка агенција, но ние навистина мислиме дека ви е потребен еден урбан гурмански getaway за крајот на работната недела.

Затоа и овој петок, Јавна Соба и PopUp Kitchen ве покануваат на уживање со неодолив пакет од вкусен бургер и ладен Златен Даб 🙂 За гурманското уживање задолжен е шеф Марк де Јонг, а музичката селекција му ја препушатаме на Dj Vaso. Ваша задача е да си резервирате место и веднаш после работа да се нацртате на терасата на Јавна Соба на уживање и заслужено викенд опуштање 🙂