Најважното нешто во процесот на растење на брадата е всушност да ја оставиш да порасне. Потребно е да имаш „материјал“ за работа за подоцна да можеш да ја обликуваш и стилизираш како што посакуваш. Тоа значи да се договориш самиот со себе дека некое време нема да ја бричиш. Однапред договори се колку долго ќе трае тоа.
Сепак, постои баланс помеѓу нејзиното одржување и да ја пуштиш да биде слободна и непредвидлива 🙂 Или делумно непредвидлива, бидејќи најверојатно таа ќе личи на онаа на твоите претци. Не можеме против ДНК! Доколку се соочуваш со нееднакво растење, во некој следен текст ќе има неколку насоки и за тоа.
1. Постави си цел, но биди реалистичен.
Постојат различни стилови од кои можеш да бираш, не мораш да се држиш до ниедно правило. Следи ги твоите желби, потреби и можности! Биди свесен за твоите можности, односно за тоа како, кога и колку твојата брада расте. Ова важи за сите!
2. Пушти ја да расте.
Трпение – спасение! Ако ѝ оставиш време да расте, можно е да се пополнат празнините кои ги забележуваш, но пред сѐ – да достигнеш одреден волумен е предуслов за било кој следен чекор. Брадата ќе ти изгледа поинаку секоја недела, така што ако се чувствуваш како да не ја постигнуваш твојата цел, едноставно почекај уште малку.
3. Внимавај на површината.
Едно од главните правила на одржување на брадата е кастрење. Обрни внимание на вратот и образите. А, ако твојот стил е „див и слободен“, тогаш остави ја да расте во својот полн сјај!
4. Одржувај ја постојано.
Можеби ти се чини спротивно на бр. 2, но како што мораш повремено малку да ја шишаш косата додека расте, така и брадата мора повремено да се потскратува. Ова ѝ помага на брадата да се насочи: повеќе на едно место, а помалку на друго. Производите за стилизирање во следниот чекор дополнително ќе помогнат во овој процес. Кога ќе забележиш некое влакно кое „штрчи“ или расцветани краеви, едноставно сецни ги. За ова би ти послужела машинка за брада или остри ножички (за влакна, не било какви), како и редовна посета на бербер.
5. Користи производи за хранлива нега.
Постојат разни производи кои можат да ти помогнат во овој процес. Масло за брада кое брзо се впива може одлично да ја нахрани брадата, да направи повеќе да сјае и да ѝ даде облик. Можеш да користиш и балсам или крема, но некој ваков производ ќе биде неопходен доколку сакаш сериозно да ѝ посветиш време на твојата брада.
6. Чешлај ја секоја вечер.
Четки за брада помагаат да се исчисти сувата кожа под брадата. Ова придонесува до нејзиниот изглед, но и здравјето на влакната и „послушноста“ на брадата да биде обликувана. Овој процес ги разнесува маслата кои кожата ги произведува низ целата брада, овозможувајќи хранливите состојки да се впијат долж целите влакна, наспроти само во коренот каде е контактот со кожата. Ова спречува расцветување, преизразено виткање или кршење. Најдобриот момент за чекорите 5 и 6 е после туширање.
7. Пробај нов облик.
Откако ќе израсне најголемиот дел од брата (ова може да трае неколку месеци), време е да ја направиш вистински „твоја“. Обликувај ги мустаќите и областа под усните, скрати ја целата или играј си со должината… Направи го сѐ она што ти причинува задоволство!