Често моите мисли ги ставам на хартија за да не ми тежат пред спиење. Некогаш тоа е многу основна мисла како „да купам млеко“, „да го фрлам ѓубрето“ или „да продолжам да се трудам и утре да бидам подобар човек“. Но основните работи лесно се забораваат кога не се запишани, а ако се илустрираат уште повеќе може да остават впечаток.
#ПриказниОдНашиотДом е серија на илустрации која трае подолго време и е инспирирана од мојот дневник / тетратка со идеи. Кога и да споделам некој цртеж со приказна или размислување ме потсетува колку е важно да се говори за тоа што размислуваме за да сфатиме колку не сме сами и колку други луѓе мислат или се чувствуваат како нас.