15 49.0138 8.38624 arrow 0 arrow 1 4000 1 0 horizontal https://popup.mk 300 true 4000
Непосреден повод за разговор со режисерот Пеце Здравковски е неговиот краток филм „Dogs of War“ со кој конкурираше на интернационалниот филмски натпревар „My RØDE Reel“ во организација на познатиот бренд RØDE. Во трите филмски минути,„Dogs of War“ на неверојатно брз и вешт начин нè исправа пред вечната психолошка дилема помеѓу моралот и расипаноста, лојалноста и…
Се смета дека високата уметничка форма на уличната фотографија се состои од еден вид воаjeризам којшто ни дозволува да погледнеме во најинтимните делови од нечиј живот, без притоа да бидеме забележани, сепак оставајќи трага. Џеф Мермелстајн е њујоршки фотограф кој преку својата колекција фотографии направени од дисплеите на луѓето од метрото во Њујорк, ни дава…
За фадото се вели дека ја претставува душата на Португалија и романтичарски се верува дека е родено на бродовите упатени кон непознати мориња, исплетено од носталгијата на морнарите што страдале по својот дом и по напуштените љубови. Строгата и прецизна историја, пак, се сомнева во ваквите занесенички корени на фадото и нуди неколку теории, имено…
„Њујорк тајмс“ го опиша како „уметникот со ангелски глас што ја лекува душата и ги отвора срцата“. Неговиот петти албум „Мелек“ ги собра највисоките оценки од музичката критика во регионот, а на него соработува со плејада врвни уметници, умешно спојувајќи го севдахот со џезот, па дури и со електронската музика (на албумот има преработка на…
На 26 јули, како дел од одбележувањето на 55-годишнината од скопскиот земјотрес, во МКЦ ќе биде поставена изложбата на старата и на новата генерација македонски уметници RESTART. Оваа изложба претставува извесен генерациски пресек, кој го бележи развојот на македонското современо сликарство, во кое се отсликани условите што го предодредиле од неговите почетоци до денес, низ…
Angel Anx e „добрата вест“ за сите оние што се во потрага по квалитетна електронска музика со cutting edge продукција. Неговиот „Ingredients EP“ лани се вртеше на пребирливото BBC Radio 1, а во април годинава, „Believe EP“ во соработка со Mike Vale за само неколку дена се позиционираше меѓу најдобрите изданија на beatport tech house листата.
Кратко пред да го објават албумот Dummy пред дваесет и четири години од сега, Portishead објавува два сингла, кои ни одблизу не го најавуваат ниту, пак, го предвидуваат успехот на албумот што ќе следува, бидејќи бендот не е гигант и нема искуство со свирки во живо. Бендот, се чини, беше последниот што се надеваше на…
„Breakfast Club“ во урбаното јадро на Скопје е базата на колективот „Long Bus“, составен од Иван, Еми и Оливер, кои го ставаат потписот зад бебе-проектот на забавите што тие ги дефинираат како нов здив и свеж пристап во начинот на консумација на ноќниот живот и на музиката. Овде го пијат првото кафе, јадат сендвич, па…