15 49.0138 8.38624 arrow 0 arrow 1 4000 1 0 horizontal https://popup.mk 300 true 4000
Илустрациите на Бранкица Јордановска го отвораат порталот кон имагинарниот свет на театарот и циркуската игривост, покажувајќи ја моќта на маската да се соедини со својот носител и да создаде нов, препознатлив лик кој долго ќе ви се провлекува во стварноста. Она што сцената ѝ го дава како на гледач, Бранкица умее да го впие во…
Оваа аерофотографска серија е дело на германскиот фотограф Том Хеген, кој го надлета Гренланд со намера да го види ефектот на индустријализацијата од прва рака, со свои очи, со својот фотоапарат. Масивното ледено тело што покрива околу 80 отсто од површината на Гренланд, сè повеќе попушта под притисокот на климатските промени и се топи. Научниците…
За својата инсталација „Клучот во раката“ („The Key In The Hand“) на Венециското биенале во 2015 година, Чихару Шиота го наполни јапонскиот павилјон со лавиринтска мрежа од црвено предиво, од подот па до врвот. 55 илјади клучеви собирани од сопственици на домови ширум светот висеа закачени како презреани плодови подготвени да паднат во секој момент.…
Почнувајќи од 1999 година па сè до денес, Пабло Амарго и покрај тоа што смета дека не е добар пример за самопромоција (со оглед на тоа дека единствена алатка што му служи за тоа е неговата веб-страница), сепак повеќе од 30 награди и признанија укажуваат дека станува збор за исклучителен уметник, кој е светски познат.…
Што е фотографијата ако не портал кон интимниот свет на немирното набљудувачко око кое трага по вистината и убавината? Во „фотографската работилница“ на Дарко Стојковски влеговме без прашање, со намера да ја затекнеме уметничката вибрација во своето создавање и да ја прикажеме таква каква што е. Тој вели дека неговите фотографски почетоци како студент на…
Монографијата „Скопје – Архитектурата како фотографска скулптура (1963-1990)“ од Ерина Богоева ќе биде промовирана на 13 ноември 2018 (вторник) во 19 часот во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“. Книгата во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, содржи 80-ина фотографии.
На почетокот, културите на некои племенски заедници ѝ пристапувале на фотографијата со страв и резервираност бидејќи постоело верување дека таа има моќ да му ја зароби душата на човекот. Сосема настрана од празното суеверие, често остануваме разоружани пред способноста на некои фотографи да го впијат метафизичкото од светот преполн со пластични и опипливи нешта. Кристина…
Актери од италијанската театарска куќа „Лудовика Рамбели театро“, со своите тела ги репродуцираа платната на легендарниот италијански сликар Микеланџело Меризи да Караваџо, поточно кажано, одново го создадоа начинот на кој Караваџо ги креирал сцените за да слика со помош на живи модели. Живата репрезентација на делата е наречена „La Conversione di un Cavallo“ и им…
„Готлиб“ е краток анимиран филм, во режија на Крсте Господиновски, а во продукција на Uzengija Productions и копродукција на Flip Book Productions и Ars Digital, поддржан од Агенцијата за филм на Р. Македонија. Изгубен и заглавен во лавиринтот на сопствената потсвест, главниот лик Готлиб грчевито се бори да го пронајде патот назад во реалноста. Во…