15 49.0138 8.38624 arrow 0 arrow 1 4000 1 0 horizontal https://popup.mk 300 true 4000
„Гледам лица“ („I see faces“) е личен проект, чиј концепт е инспириран од психолошкиот феномен пареидолија. Пареидолијата се случува кога случајни, бесмислени слики или дразби се перципираат како значаен визуелен или аудио-образец. Да поедноставиме со пример; тоа се случува кога на Марс се гледаат ридови со човечки лица или, пак, кога во текстовите на „Beatles“…
До 28 февруари, во „Винил“ ќе можеме да видиме дела од работилницата што се реализираше во склоп на изложбата „Celebrate Life / Емоции за еден град“ на дизајнерот Горан Костовски – Ind.o.g. Илустрациите се дела на млади графички дизајнери и артисти од различни градови и го коментираат загадувањето на воздухот во Скопје со ПМ10 честички,…
Миле Манев е лик што (додека живееше во Скопје) можевте да го сретнете на најубавите концерти во МКЦ или, пак, да го начекате со апарат в рака на некоја падина на кањонот Матка, занесен во правењето макрофотографии како голем вљубеник во природата. Можеме да забележиме дека по заминувањето во Австралија ја доусовршил својата умешност во…
За режисерот на „Сталкер“, „Соларис“, „Андреј Рубљов“, „Огледало“ се вели дека за Западот ја отелотворува сликата на руски артист, а за Русија – сликата на отфрлен месија. Филмското творештво на Андреј Тарковски е исклучителна мешавина од поетски слики, долги клапи, драматична структура и умешно продирање во метафизичкото. Ингмар Бергман сметал дека Тарковски е најважниот режисер,...
Илустрациите на Јеф Естберг најчесто претставуваат пејзажи и обични секојдневни сценарија, каде што секогаш се истакнуваат ликови со одличен моден стил, нацртани во весели, меки линии и обоени во кремасти тонови, успешно создавајќи една суптилна длабочина.
Непосреден повод за да ја креираме оваа листа е македонскиот документарен филм „Медена земја“ на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, кој викендов се закити со три награди на филмскиот фестивал „Санденс“ во САД: Главната награда од жирито во програмата Светски филм за документарци, Специјалната награда за камера за Фејми Даут и Самир Љума, како и…
Татко му го избркал од дома кога го напуштил училиштето на 17-годишна возраст. Преживеал продавајќи маици и картички со неговите цртежи и преспивајќи кај пријатели, пиејќи евтино црвено вино и јадејќи чипс. 8 години. Толку му требале на Жан Мишел Баскија да стане „културен месија“ во уметничкиот свет, започнувајќи нова ера на незапамтена артистичка импресија…
На улиците на Менхетн, бруклинскиот фотограф Колин Риџвеј ги фотографира лицата на луѓето кои живеат во Њујорк. Да се биде модерен уличен фотограф во Њујорк не е лесно. Не само што треба да ги надминете легендарните улични фотографи од минатото, туку исто така и огромниот број фотографи кои сега сликаат и ја објавуваат својата работа…
Пред 50 години, една група луѓе се собрала за првпат во некој подрум во централниот дел на Лондон, со цел да одржат проба за претстојната турнеја на бенд што тукушто се распаднал. Овие луѓе не само што биле ангажирани да го заменат бендот „Yardbirds“, туку врз урнатините на тоа што преостанало, лидерот Џими Пејџ замислил…