15 49.0138 8.38624 arrow 0 arrow 1 4000 1 0 horizontal https://popup.mk 300 true 4000
„Збогати се преку ноќ!“ – слоганот со кој почнува и се случува ова 17-то издание на „Синедејс“, е неминовна вистина. Не сакам ни да преувеличувам ни да фаворизирам. Од година во година „Синедејс“ нуди богата филмска програма, па музичка програма, стручни, едукативни предавања и обуки како и убава шанса за промоција и дистрибуција на филмските…
„Везилке, кажи како да се роди / проста и строга македонска песна / од ова срце што со себе води / разговор ноќен во тревога бесна?…“ Овие стихови не се од најновиот филм на „Студена војна“ (Zimna wojna/Cold war) на Павел Павликовски (Paweł Pawlikowski), полски режисер со престој на лондонска адреса во последниве децении. Иако…
Лесно е да се стане и да се замине што подалеку од нештата што не сакаме да ги разбереме. Молчењето за нив, не значи дека тие го запираат својот интерен разговор за себе. Заминувањето не значи дека тие престануваат да постојат зад затворената врата. „Не допирај ме“ (Touch me not), првенчето на Aдина Пинтилие, е…
Ја заборавив зелената тетратка – ѝ се пожалив на Олга од Шпанија во возот за Тулуз. Само што се разделивме со Офели, домаќинката од Франција што нѐ донесе на железничката станица во Казер. Не знам како и кога сум ја извадила од џепчето на чантата за фотоапаратот. Сите денови од мојот престој во Франција беа...
Можеме ли некогаш вистински да дознаеме какво е едно семејство однатре? Ајде да замислиме дека семејството е огромно огледало пред кое секој стои поединечно со своето сопствено мало огледалце. Одразите во малото огледалце се безброј, колку што се безбројни и променливи тие амбивалентни расположенија на површината на едно семејство. Понекогаш поддршка, понекогаш вина, радост, гнев,…
Доколку се прашувате што можете да правите кон крајот на месец септември, освен што ќе го испраќате летото, на двесте километри јужно од нас, секоја година, веќе 14-та по ред, се одржува еден од најдобрите фестивали за електронска музика Reworks. Овој фестивал во траење од 4 дена го трансформира градот Солун во престолнина на светската…
Во време на онлајн-поврзаност, време кога седиме сами, а божем сме со сите, концентрација само за читање твитови и најчест разговор со монитор, вистинска привилегија е да бидеш гостин на патувачкото кино со тимот што го организира фестивалот „МакеДокс“ и да влезеш во нивниот свет.
Гардијан го карактеризираше ова остварување на Алекс Гарланд (познат по романот „Плажата“, според кој Дени Бојл подоцна ќе го сними истоимениот филм, како и по режисерското деби со „Ex Machina“) како поетски научнофантастичен трилер. Филмот е снимен според романот на Џеф ВандерМеер, а поради процените дека е премногу интелектуален за да оствари поголем бокс-офис комерцијален успех,…