Готам е во општ хаос, на раб на анархија додека во тек е предизборна кампања за избор на градоначалник. Стапката на криминал и невработеност кулминира, жителите се безнадежни, а на сцена стапува Загатнувачот (П. Дејно), кој ја презема правдата во свои раце. Еден по еден, политичарите се линчувани јавно, а верниот заштитник на градот (Р. Патинсон) ќе се обиде да му ги наруши свирепите планови на маскираниот убиец...