15 49.0138 8.38624 arrow 0 arrow 1 4000 1 0 horizontal https://popup.mk 300 true 4000
Во саботата, на техно сетот на DJ Prantel во Епицентар, имавме можност да доживееме дел од вајбот на неговите журки во берлинскиот клуб Griessmuehle. За загревање го имавме Viktor Apostolski, а во продолжение, преку фотографиите можете да видите кои моменти и лица ги уловивме во Епицентар :)
Според викенд агендата на PopUp Мusic, летото е далеку од завршување. Нашите журки продолжуваат со истиот интензитет, а вие имате доволно време да се организирате и да се појавите на сите, без разлика што едната од нив не е во Скопје :)
Во петокот, празничниот викенд во Битола ја достигна кулминацијата со сетот на грчкиот диџеј STK. Како што очекувавме, DJ STK го донесе звукот од плажа директно на подиумот во HUSH. Погледнете како си поминаа битолчани:
Во саботата, на „Оревче“ имаше фантастичен вајб уште од 11 часот претпладне со веќе добро познатиот концепт на журки 11/11. За добриот старт на журката на преполната плажа се погрижија Djarto и Dejan Dex. Журката го достигна врвот со сетот на Andrey Pushkarev кој беше опкружен со своите најголеми фанови од почеток до крај И викендов PopUp Мusic најавува добри журки на „Оревче“.
Во саботата, ShortBus беше освоен од индискиот хаус на популарниот Dj Hamza од Њу Делхи. Летниот party бран на PopUp Music продолжува овој викенд. Во сабота, рускиот диџеј Andrey Pushkarev ќе се погрижи за журкачкиот vibe на плажата Оревче во Охрид, а за warm up се задолжени Djarto & Dejan Dex. Забавата трае од 11АМ до 11PМ. Се гледаме на плажа :)
Летниот party бран на PopUp Music е на висина на задачата. Во „Петок после работа“, бургерите и Дабот во Public Room, отидовме на Аfternoon party во Клуб 1212, каде што за летните вибрации беше задолжена музичката селекција на Ilina Angel, Sonja Ismail, Violeta Kacakova, Ana Malo, Diah и Ivana Dragsic. И кога журката ќе тргне со својот flow, тешко се запира.
Интересот за PopUp Kitchen настанот под наслов „Петок после работа“ е голем :) Одѕивот за гастрономското задоволство измешано со звуците од диџејскиот пулт е оправдано висок, ако се има предвид вкусот на бургерите и квалитетот на музиката.