15 49.0138 8.38624 arrow 0 arrow 1 4000 1 0 horizontal https://popup.mk 300 true 4000
Летото е во полн ек, градот гори, а одморот ви се чини сè подалеку? Ова можеби звучи како реклама на туристичка агенција, но ние навистина мислиме дека ви е потребен еден урбан гурмански getaway за крајот на работната недела.
Интересот за PopUp Kitchen настанот под наслов „Петок после работа“ е голем :) Одѕивот за гастрономското задоволство измешано со звуците од диџејскиот пулт е оправдано висок, ако се има предвид вкусот на бургерите и квалитетот на музиката.
Овој јуни, петоците после работа ќе изгледаат многу поинаку. Ќе имаат супер вкус и одличен звук 😊 „Петок после работа“ како серија од настани што во својот концепт вклучуваат готвење, музика и пиво по специјална цена, официјално започнуваат на 7 јуни, а ќе се одржат и на 13, 21 и 28 јуни во Јавна Соба…
Време е за stress relief 😊 Петар ни готви тако и заедно уживаме во добро пиво. Правиме два вида такоси. За првиот користиме: 3 чешниња лук, 1 чили пиперка, 3-4 парчиња млад кромид, лажичка кафеав шеќер, лажичка соја сос и ориентален зачин (гарам масала, на пример). За вториот: cheese dip sauce, марула и морков.