15 49.0138 8.38624 arrow 0 arrow 1 4000 1 0 horizontal https://popup.mk 300 true 4000
„Њујорк тајмс“ го опиша како „уметникот со ангелски глас што ја лекува душата и ги отвора срцата“. Неговиот петти албум „Мелек“ ги собра највисоките оценки од музичката критика во регионот, а на него соработува со плејада врвни уметници, умешно спојувајќи го севдахот со џезот, па дури и со електронската музика (на албумот има преработка на…
На 26 јули, како дел од одбележувањето на 55-годишнината од скопскиот земјотрес, во МКЦ ќе биде поставена изложбата на старата и на новата генерација македонски уметници RESTART. Оваа изложба претставува извесен генерациски пресек, кој го бележи развојот на македонското современо сликарство, во кое се отсликани условите што го предодредиле од неговите почетоци до денес, низ…
Новото диџејско дуо на македонската клупска сцена се потпишува како AgainstU, a го сочинуваат Предраг Богданоски и Ивица Наумоски. Спротивставеноста во името под кое настапуваат, се надополнува и со нивните професии: Предраг работи во ИТ-секторот, а Ивица во суд. AgainstU во целост му се посветени на добриот хаус, pаботат со голем ентузијазам кон музиката и…
Авторот на овој разговор веројатно ја споделува истата возбуда со целата екипа на кумановскиот театар што во изминатиов период под водство на режисерот Милош Б. Андоновски работеше на претставата „Физика на тагата“, според истоимениот роман на бугарскиот поет и писател Георги Господинов. Исклучително голем е предизвикот да се постави Господинов на театарската сцена, пред сè…
Непосредниот повод за разговор со поетесата Марта Маркоска беше нејзиниот нов и интересен проект „Книжевни магнитуди“, со чиј необичен формат успеа да го привлече вниманието на книжевната и на читателската јавност. Но, тоа е само еден тенок, површински слој од нејзината долгогодишна успешна работа на повеќе (понекогаш дијаметрално спротивни) полиња, и доколку вешто го тргнете…
Лиричен разговор за постоењето, конверзација со себеси преку нурнување во личната онтологија на еден уметник –  таков е впечатокот што се добива од најновата изложба на Велимир Жерновски во Музејот на современа уметност, насловена „Отаде црнилото“. Да се биде продорен глас на свеста во ерата на консумеризмот и безочното експлоатирање на испостеното тело на планетата,…
„Breakfast Club“ во урбаното јадро на Скопје е базата на колективот „Long Bus“, составен од Иван, Еми и Оливер, кои го ставаат потписот зад бебе-проектот на забавите што тие ги дефинираат како нов здив и свеж пристап во начинот на консумација на ноќниот живот и на музиката. Овде го пијат првото кафе, јадат сендвич, па…
Лазар Симеонов е документарен фотограф, роден во Скопје, кој од осумгодишна возраст живее во Швајцарија, а последнава деценија ја следи номадската патека на фотографијата, неуморно барајќи ја вистината низ објективот во Палестина, Курдистан, Јужен Судан, Бангладеш, Мјанмар, Македонија…