15 49.0138 8.38624 arrow 0 arrow 1 4000 1 0 horizontal https://popup.mk 300 true 4000
Лазар Симеонов е документарен фотограф, роден во Скопје, кој од осумгодишна возраст живее во Швајцарија, а последнава деценија ја следи номадската патека на фотографијата, неуморно барајќи ја вистината низ објективот во Палестина, Курдистан, Јужен Судан, Бангладеш, Мјанмар, Македонија…
Замислете островче среде градот, на кое може да се стапне само ако претходно ги фрлите разликите, предрасудите и стереотипите со кои ве натоварило општеството. Сега замислете дека на тоа островче сите се еднакви, се смеат и разговараат само со говорот на телата. И притоа совршено се разбираат.
„Многу ја сакам магнолијата“ – вели Искра додека се движиме кон раскошното дрво во паркот спроти бараките на Град Скопје, каде што работи веќе десет години. Тивко дополнува дека се разочарала кога шеталиштето во убаво уредениот простор го направиле со песок, оти потешко се движи со своето помагало по песочни површини.