15 49.0138 8.38624 arrow 0 arrow 1 4000 1 0 horizontal https://popup.mk 300 true 4000
Oстануваат уште три дена до единаесеттото издание на фестивалот на нова музика ЗДРАВО МЛАДИ! Настапуваат Hercules & Love Affair (dj set), DJ FITZ, Belgrado, KOIKOI, Murman Tsuladze, Peki Pele, Луфтханза, ИСКРА, Blackstate и Shortparis. Покрај музичката програма, ќе можеме да ја видиме и изложбата на Бранкица Јордановска под наслов „Маска или преобразба на изопаченото“.
Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ во своето 12-то издание ќе се одржи од 19 до 26 август во Скопје. Фестивалската програма ќе се прикажува на четири локации, и тоа во Куршумли-ан, Младинскиот културен центар, Музејот на современата уметност и Музејот на РСМ.
До 10 август, љубителите на уметноста имаат можност да ја видат изложбата „Пресоздавање“, на Јулија Манојловска која неодамна беше отворена во Галерија МКЦ. „Пресоздавање“ е објектна инсталација на визуелна сензација, лутање, односно перцептивно раздвојување и повторно создавање. Трансформирана слика создадена од традиционалниот дводимензионален сликарски медиум во тродимензионален објектен цртеж ги содржи сите елементи што го дефинираат сликарскиот дискурс. Материјализацијата на цртежот преку бојата и светлото – сенките, го освојува просторот и околината со обоен цртеж-објект.
На еден месец до ЗДРАВО МЛАДИ стигнува најавата за настапот на Пеки Пеле, кој со музика почнува да се занимава уште во инкубатор, но со сериозна намера за издавање плочи од 2015 година. Вниманието на пошироката јавност (и нашето секако), го добива по првото негово издание Deguté за колективнот „više manje zauvijek” од Загреб, во друштво на Свемирко, Фантом, Џутко... и други артисти што гравитираат кон оваа етикета.
Со доделувањето на наградите на јубилејниот 20-ти Меѓународен фестивал за европски филм „cinEdays“, е затворена официјалната конкуренција на фестивалот кој поради временските услови продолжува со програма уште денеска.
Во ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“- Прилеп е отворена изложбата „19“ од уметницата Христина Зафировска, која преку својот циклус од 19 дела на тема „Ковид“, на апстрактен и сликовит начин ни го прикажува реалното и невидливото со голо око, поттикната од промените на животниот тек, настанати од пандемијата.
20-от Фестивал на европски филм CINEDAYS веќе е летен филмски фестивал и ќе се случува од 15 до 21 јули. Континуитетот на фестивалот и годинава е предизвик поради неизвесната ситуација во која се наоѓаме изминатиов период, но за среќа повторно ќе се следи богата филмска програма со повеќе од 40 филмови.
PrivatePrint VR Studio ја поставува виртуелната изложба "Stepping into the cornfield" на младата ликовна уметница Драгана Пендовска. Ова е првата виртуелна изложба во надграденото VR Studio на PrivatePrint Studio. Изложбата е замислена како виртуелно патување на гледачот во поле со пченка.
Минатата година Канскиот филмски фестивал беше одложен поради пандемијата. Откако Франција почна да излегува од делумниот локдаун, фестивалот ќе се одржи од 6 до 17 јули. Ниту еден друг фестивал не може да ја замени количината на филмофилство и гламурот на Круазет што со децении го привлекуваат вниманието на светската филмска јавност. По паузата од една година, еве ги главните точки на годинашното издание: