15 49.0138 8.38624 arrow 0 arrow 1 4000 1 0 horizontal https://popup.mk 300 true 4000
На 13.06.2018 година (среда), со почеток во 20:00 часот, во Младинскиот Културен Центар во Скопје, ќе се отвори архитектонската изложба под наслов „Бесконечна соба“. На изложбата се претставени пет архитектонски проекти пријавени на меѓународни конкурси во Скопје, Варна и Загреб, работени во периодот помеѓу 2013 и 2018 година.
Во саботата во Градски парк ги промовираме новите дизајни на limited edition лименката на „Златен Даб“, преку кои уметниците и дизајнерите Владимир Лукаш, Ана Јовановска и Таби Азири ни ги доловија боите на новиот свет без предрасуди и етикети.
Помина многу време откако пудрата и карминот на некогашните скопски ноќни дами од „Фенерли-ан“, „Венеција“, „Марс“ и „Бела кафеана“ полека беа избришани од тешката рака на стигмата. Многу вода истече низ Вардар и откако познатиот македонски уметник Никола Мартиноски ги насликал ѕидовите на познатата скопска кафеана „Океан“ со композиции на голи мажи и жени, како…
Филмскиот фестивал за музички документарни филмови „Скопје синема сити“ по четврти пат ни ја дава можноста да ѕирнеме во музичките ризници од сите светски меридијани и континенти, и освен нивниот богат звук, да ги слушнеме и нивните приказни.
Од наш агол, на изложбата „Од мој агол“ видовме само љубов, надеж и прифаќање што ги отвораат душите и ги топлат срцата. Изложбата „Од мој агол“, која е поставена во Чифте амам и е во организација на Националната галерија на Македонија, претставува дел од проектот „Уметност за сите“, поддржан од Холандската амбасада во Република Македонија.
Во понеделникот, во Музејот на град Скопје се отвори изложбата „Скопските вертикали“, која што заедно со истоимената публикација претставува резултат од проучувањето на скопските висококатници. Студијата е дело на Јован Ивановски, Ана Ивановска Дескова и Владимир Десков.
Во уметноста, веднаш може да се оддели доживеаното од недоживеаното. „Патував дотука од 5 часот утрово, за да бидам овде пред вас, Скопје…“ рече Акуа Нару, шокирана додека публиката во еден глас ја придружуваше во нејзината „Poetry: How does it feel now?“. А Скопје синоќа беше жена. Ранлива, заљубена, но проклето силна.
Се плашиме ли од различностите? Ја разбираме ли приказната за бегалците? На само четиринаесет години, Селма, бегалка од Дамаск, Сирија, пристигнува во Скопје со својот куфер и со својата кукла. Проси на улица Македонија. Хелсиншкиот комитет за човекови права ја наоѓа и ја згрижува. Актерката Симона Спировска ја подучува македонски и ѝ помага со интегрирањето…